Достапни линкови

Турција ќе ги преиспита мерките за безбедност


Турција ќе ги преиспита мерките за безбедност
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:37 0:00

Турција ќе ги преиспита мерките за безбедност

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека во Турција ќе бидат преиспитани мерките за безбедност по вчерашната заложничка криза. Турскиот обвинител Мехмед Селим Кираз им подлегна на повредите откако беше грабнат од левичарски екстремисти во судот во Истанбул.

Полицијата по шестчасовни преговори спроведе акција за совладување на двајцата киднапери, членови на една забранета екстремно левичарска група кои како заложник го држеа обвинителот во една зграда на Судот.

Двајцата киднапери од Револуционерната народно ослободителна партија „Фронт“ објавија слики со обвинителот на кој му е вперен пиштол во главата.

Киднаперите се заканија дека ќе го убијат доколку не им бидат исполнети барањата.

Обвинителот Мехмет Селим Кираз ја истражувал смртта на 15 годишното момче Беркин Елванкое беше рането од полицијата на антивладините протести во 2013 година.

Турскиот парламент со огромно мнозинство минатата недела одобри безбедносен закон за проширување на овластувањата на полицијата, односно да може таа да употребува огнено оружје против демонстрантите.

Киднаперите бараа на полицајците одговорни за смртта на момчето да им биде судено од „народен суд“. По неколкучасовните преговори полицијата упадна во судот и во престрелката ги убила киднаперите.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека обвинителот бил застрелан три пати во главата и два пати во телото и оти починал во болница.

Тој најави преиспитување на мерките за безбедност во земјата. Тоа го најави и премиерот Ахмед Давутоглу:

„Кога ќе се погледне на неодамнешните дискусии во рамките на безбедносниот пакет, овој инцидент покажа дека има испреплетеност меѓу безбедноста и слободите. Решивме целосно да го испитаме инцидентот, да ги откриеме недостатоците и да ги преземе идните неопходни чекори“, рече Давутоглу.

Турскиот парламент со огромно мнозинство минатата недела одобри безбедносен закон за проширување на овластувањата на полицијата, односно таа да може да употребува огнено оружје против демонстрантите.

Тоа ги зголеми стравувањата за поостро казнување на дисидентите пред парламентарните избори.

Законот дојде во чувствително време и со оглед на тешките разговори за крај на три децениското бунтување на Курдите во Турција.

Парламентот исто така изгласа закон со кој и се овозможува на владата да го ограничува пристапот на веб страниците за кои ќе биде оценето дека претставуваат закана за јавениот ред.

Анкара и покрај критиките од активистите за човекови права, смета дека овие закони се во согласност на европските.

Инаку, Соединетите држави, Европската унија и Турција, Револуционерната народно ослободителна партија Фронт, ја водат како терористичка.

Таа беше зад самоубиствениот напад врз американската амбасада во 2013 година како и зад убиството на еден австралиски турист и двајца турски полицајци во 2001 година во Истанбул.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG