Заев - Правосудниот систем во рацете на власта
Лидерот на СДСМ Зоран Заев одржува прес конференција на која, како што рече, објавува снимени телефонски разговори кои ќе покажат во чии раце е правосудниот систем во Република Македонија. Тројца луѓе, како што рече Заев, ги влечеле сите конци во оваа област, а тоа се премиерот Никола Груевски, директорот на УБК Сашо Мијалков и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.