Голем број средношколци од неколку скопски гимназии денеска маршираа од Градскиот парк, преку центарот на Скопје до Министерството за образование, за да го изразат својот протест поради воведувањето државна матура. Протести се одржуваа и во други градови во Македонија.