Скијањето се враќа на Пелистер, но едни од најстарите скијачки центри во земјава, Копанки и Ниже Поле, имаат потреба од вештачки снег со цел сезоната да биде континуирана и продолжена. Ски центрите досега не набавиле топови за снег, а со глобалното затоплување во последните години снегот или го нема или брзо се топи.
Кај нас е критичен долниот дел на жичарницата зашто таму има помалку снег. Со вештачките топови би се продолжила сезоната. Но, треба да се земе предвид дека за вештачки снег треба температурата да биде под нулата.Мирјана Митревска, ски центар Копанки.
Хотелот „Молика“ пет години стопанисува со ски патеката „Копанки“ и со единствената жичарница на Пелистер. Директорката Мирјана Митревска признава дека размислуваат да инвестираат во топови за снег.
„Постоеше инфраструктура за вештачки снег од некогаш. Во неколку наврати дојдоа професори од Градежниот факултет од Скопје ја видоа реалната состојба на теренот, колку количество на вода ќе биде потребно и околу местоположбата на акумулацијата. Направија првични скенирања и треба да се изработи елаборат за проект за вештачки снег“, вели Митревска.
Нашите развојни планови опфаќаат и една желба за проширување на ски терените во Ниже Поле кон пределот Орлови Бари. Да видиме дали проширувањето на системот е економски исплатлив. Се надевам дека за три до четири месеци ќе имаме податоци кои ќе не охрабрат да го реализираме сонот на битолчани кој постои 40 до 50 години.Марјан Геровски, ски центар Ниже Поле.
Годишната сезона е побогата со снег во споредба со изминатите години. На „Копанки“ во функција е ставен и ски лифтот кој не работеше 15 години.
„Кај нас е критичен долниот дел на жичарницата зашто таму има помалку снег. Со вештачките топови би се продолжила сезоната. Но, треба да се земе предвид дека за вештачки снег треба температурата да биде под нулата“, додава Митревска.
За инвестиции во вештачки снег и проширување на ски патеките кон повисоките планински предели размислува и јавното претпријатие „Стрежево“ кое стопанисува со ски центарот „Ниже Поле“. Директорот Марјан Геровски објаснува дека патеката се протега од 1300 до 1640 метри надморска височина, а со временските промени секаде во Европа се градат ски комплекси на височина над 1600 метри. Веќе е избрана фирма да изработи физибилити студија за проширување на патеката кон месноста Орлови Бари, односно под врвовите Муза и Скрково до 2200 метри надморска височина.
„Нашите развојни планови опфаќаат и една желба за проширување на ски терените во Ниже Поле кон пределот Орлови Бари. Да видиме дали проширувањето на системот е економски исплатлив. Се надевам дека за три до четири месеци ќе имаме податоци кои ќе не охрабрат да го реализираме сонот на битолчани кој постои 40 до 50 години. Во минатото беа изработени студии од експерти од Австрија, Швајцарија и Словенија кои беа доста охрабрувачки“, вели Геровски.
Кога има снег на Пелистер преку викенд има над илјада посетители. Гостите годинава полесно се движат низ планината зашто е санирано свлечиштето кое води до Копанки. Но, остана она на патот кон Ниже Поле.