И два дена по објавувањето на снимките од кабинетот на премиерот Никола Груевски на која се слуша како се разговара за тоа кој му ги дал документите на лидерот на СДСМ Зоран Заев, никој од владата не се изјасни кој и како ги снимал и дистрибуирал во јавноста преку каналот Јутјуб.
Меѓутоа постои и начин како тоа да се открие на време и да се провери и службите за контраразузнавање и службите за обезбедување треба да преземат мерки тоа навреме да го откријат.Стефан Буџаковски, професор по разузнавање.
Јавното обвинителство само соопшти дека согласно своите овластувања ќе изврши проверки во врска со фактите и околностите под кои материјалите од средбата дошле до медиумите.
Во недостиг на одговори се поставува прашањето колку е загрозена безбедноста ако кој било може да снима во премиерскиот кабинет?
Професорот по разузнавање Стефан Буџаковски вели дека и во светот имало примери кога странска служба се обидувала да снима во кабинети на премиери.
Не смее, а сега што се однесува до можностите може да влезе, може да влезе и чистачката, а заедно со неа да влезе и некој друг и да снима, инаку не би смеело. Во кабинетот на премиерот не се влегува туку така без контрола и без знаење на премиерот.Темелко Ристевски, универзитетски професор.
„Меѓутоа постои и начин како тоа да се открие на време и да се провери и службите за контраразузнавање и службите за обезбедување треба да преземат мерки тоа навреме да го откријат. Пресекување на дејствување на разузнавачките служби на територија на Република Македонија областена е дирекцијата за безбедност и контраразузнавање“, вели Буџаковски.
Според професор Темелко Ристески кој долги години поминал во служба на ЈНА во премиерскиот кабинет, според законите, може да снима лично премиерот и друго лице, но со негово знаење.
„Не смее, а сега што се однесува до можностите може да влезе, може да влезе и чистачката, а заедно со неа да влезе и некој друг и да снима, инаку не би смеело. Во кабинетот на премиерот не се влегува туку така без контрола и без знаење на премиерот.“
Oд друга страна и премиерот во саботата, а и во разговорот емитуван на Јутјуб се наведува дека документите се добиени од странска служба, а Заев на прес конференција подоцна го негираше тоа. Но Ристески вели дека ако е така македонските безбедносни служби не требало да дозволат странска служба да прислушува на територијата на земјава.
„Сносат одговорност институциите на системот коишто го сочинуваат тој безбедносен систем, органите за внатрешни работи, Агенцијата за безбедност и контраразузнавање и така натаму“, вели Ристески.
Инаку во период на разгорување на случувањата околу „Пуч“ стигна и вест дека заменик директорот на Агенцијата за разузнавање Мухамед Исмаили е разрешен од функцијата. Од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов наведоа дека само директорот на Агенцијата се именува од Претседателот, останатите се распоредуваат по систематизација како што бил случајот со Исмали. Овие измени засега не се поврзуваат на ниту еден начин со актуелната афера.