По првата бурна недела во текот на која новата левоориентирана влада јасно стави до знаење дека има намера да ја задржи кампањата на ветувања за напуштање на тешките услови на штедење наметнати од надвор, оваа недела акцентот го става врз ставот дека се уште е можен нов договор.
„Решеноста да се стави крај на продолжувањето на циклусот на преправање кој доведе Грција да биде гнојна рана во евро зоната е голем проблем со оглед на дефлациската криза во Европа“.
Вели министерот за финансии Јанис Варуфакис. Грција која не е во можност да позајмува на финансиските пазари и се соочува со притисок да ја продолжи сегашната спогодба за поддршка која истекува на 28 овој месец, бара преоден договор со цел да земе здив додека не биде предложен нов аранжман за нејзиниот долг.
Единствено нешто што треба да направиме како политичари во Европа е да ја намалиме нервозата и да создадеме услови за стабилност на еврозоната. Во наредните денови ќе видите дека цела Европа заедно ќе работи за остварување на таа цел.министер за финансии Грција Јанис Варуфакис
Ова наидува на цврст став од некои европски партнери, пред сè Германија, чиј министер за финансии Волфганг Шојбле изјави дека Берлин нема да прифати никакви унилатерални промени во програмата на грчкиот долг.
„Мојата порака до нашите германски пријатели и до сите Европејци, е дека нема да одмавнеме со рака, бидејќи ние во ова не влегуваме на начин да се конфронтираме. Ова е она што новинарите сакаат состојбата да ја прикажат како еден вид пресметка од Дивиот Запад. Но, ова не е тоа. Она што го имаме тука се различни европските влади, со заедничка цел, а тоа е да се постигне заемно корисен договор, кој ќе ја минимизира цената на оваа криза за просечниот Европеец, а не за Грците или само Германците“.
Вели Варуфакис, економист кој политиката на штедење во Европската унија ја спореди со таканаречениот „вотербоардинг“, позната метода за мачење затвореници кога се симулира давење со вода.
Во врска со можните проблеми со грчките банки тој изјави дека нема никаква причина за тоа.
„Единствено нешто што треба да направиме како политичари во Европа е да ја намалиме нервозата и да создадеме услови за стабилност на еврозоната. Во наредните денови ќе видите дека цела Европа заедно ќе работи за остварување на таа цел“, вели грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис.
Неколку европски земји меѓу кои и Британија оценија дека сегашниот стенд оф меѓу Грција и еврозоната е најголем ризик за глобалната економија.