Кралот Абдула кој беше еден од најстарите монаси во светот, на чело на Саудиска Арабија која е најголем произведувач на нафта, го наследува неговиот 79 годишен брат Салман.
Тој пак го наименува неговиот полубрат Муркин за негов наследник. Светските лидери изразија сочувство за смртта на кралот Абдула.
Американскиот претседател Барак Обама му оддаде почит за неговата храброст во водењето на земјата.
Смртта на кралот Абдула кој важеше за реформист и умерен во рамките на кралското семејство, доаѓа во тешко време за земјата која е клучен сојузник на Соединетите држави на Блискиот Исток.
Белата куќа соопшти дека во наредниве денови потпретседателот Џо Бајден ќе замине во Судиска Арабија за да им изрази сочувство на членовите на кралското семејство кое владее со земјата од 1932 година.
Смртта на кралот Абдула кој важеше за реформист и умерен во рамките на кралското семејство Сауд, доаѓа во тешко време за земјата од 29 милиони жители и која е клучен сојузник на Соединетите држави на Блискиот Исток. Од една страна цената на нафтата паѓа, а земјата е под напади на џихадистите.
Саудиска Арабија држи една петина од светските резерви на нафта.
Аналитичарите предвидуваат дека смртта на кралот Абдула нема да води кон поголеми промени на саудискиот курс во врска со производството на нафта.
Тие мислат дека земјата нема да го намали производството што би довело до зголемување на цените.
Како и да е, смртта на кралот доведе до поскапување на нафтата на светските берзи за околу два насто.
Кралот Абдула имал четири сопруги, седум синови и 15 ќерки.