Старата архитектура по која Струга беше познато е минато за овој град. Експертите сметаат дека повеќе од 80 проценти од неа е целосно уништена. Раководителот на секторот за урбанизам во Општината, Ресул Хани, вели дека во соработка со надлежниот музеј во Охрид работат за она што е останато соодветно да се заштити и зачува.
Јас сум 100 проценти за идејата се што е традиционално максимално да се зачува и одржува. Секој народ може да се идентификува преку некаква култура и старата градба е еден вид култура каде цел свет со фанатизам ја чува. Струга го изгуби за жал оној сјај.Ресул Хани, раководител на секторот за урбанизам во Општина Струга.
„Јас сум 100 проценти за идејата се што е традиционално максимално да се зачува и одржува. Секој народ може да се идентификува преку некаква култура и старата градба е еден вид култура каде цел свет со фанатизам ја чува. Струга го изгуби за жал оној сјај, а по моја проценка се изгуби 80 отсто од она што го имаше. Не сакам да именувам сега лица кои и како се“, вели Хани.
Хани вели дека сите се согласуваат во едно, дека за овој период од 15 години, многу лошо е направено за Струга, преку дозволи за надградба на објекти кои се наоѓаат на првата линија во градската чаршија и покрај кејот на реката Црни Дрим.
Во минатите години има една тенденција да се уништи оваа традиционална архитектура. За Струга не се грижат.Арменд Положани, претседател на здружението ЗЕРИ.
„Тој дел од чаршијата имаше големи архитектонски вредности. Се наруши тоа со дозволување и одобрување на надградба. Иако се направи тоа, најмалку што можеше да се направи е да се донесе детален план кој до детали ќе ги третираше сите елементи кои ги имаше на пример приземјето и првиот кат. Но тука градеше кој сака и што сака, без да се води никаква сметка затоа што прават. Инвеститорите не мислат тие сакаат што повеќе да градат и добиваат, но локалните тогашни власти требаше да водат сметка за тоа што прават, рече Хани.
Посебен акцент од заштита е ставен на западниот дел од реката Црни Дрим.
Реагираат и невладините организации кои негодуваат на ваквата слика со Струга.
„Во минатите години има една тенденција да се уништи оваа традиционална архитектура. За Струга не се грижат, иако локалната власт прави некои работи за да го зачува она што треба да се зачува. И ние како невладина организација се трудиме да направиме нешто преку нашите предлози ова да се зачува“, вели Арменд Положани, претседател на здружението ЗЕРИ.
Тој предлага да се изградат нови објекти кои ќе бидат во стилот и ќе наликуваат на старите објекти кои сега се срушени во Струга.