Во Бирото на Радио Слободна Европа во Баку, во придружба на вооружени полицајци се влезени службеници на обвинителството на Азербејџан. Тие велат дека тие имале судска одлука за затворање на Бирото.
Претходно 20–те членови на бирото беа држени во една соба без пристап до телефони и компјутери.
Директорот на Азербејџанскиот сервис на Радио Слободна Европа, Кенан Алиев, изјави дека најмалку 10 членови на Јавното обвинителство влегле изутрината во придружба на вооружени полицајци.
Тие им наредиле на членовите на персоналот на Бирото да ги напуштат просториите.
На новинарите им е соопштено дека работата на Бирото на РСЕ се затвора, но не е прецизирано за колку време.
Претходно 20–те членови на бирото беа држени во една соба без пристап до телефони и компјутери.
Обвинителите побарале пристапот до документите и лични досиеја на Бирото.Тие одездоа документи од дописништвото и го отворија сефот.
Обвинителите рекле дека судскиот налог е поврзан со тековната истрага врз РСЕ како странски финансиран субјект.
Азербејџанското обвинителство организираше слични акции во последните неколку години и врз други странски субјекти како ИРЕКС и Националниот демократски институт, кои беа затворени.
Официјален претставник на американскиот Стејт департмент изјави дека САД се „загрижени“ поради извештаите за упад во бирото на Радио Слободна Европа во Азербејџан.
„Ние сме загрижени поради извештаите дека вработените во бирото на Радио Слободна Европа во Баку биле затворени во нивните канцеларии и испрашувани додека просторите биле претресувани од полицијата“, рече претставник на Стејт департментот кој инсистира на анонимност.