Достапни линкови

Поевтиниот бензин нема да донесе поевтина храна


Според досегашната пракса во Македонија секогаш кога се зголемува цената на нафтата, се зголемува и цените на храната. Но кога станува збор за обратна ситуација, тоа не се случува.

Поевтиниот бензин нема да донесе поевтина храна, барем не наскоро, велат економистите. Тие велат дека на краток рок не очекуваат да се намалат цените на прехрамбените производи како последица од намалувањето на цените на горивата. Причината за тоа е во нестабилноста на цената на нафтата на светските берзи, вели професорката Марија Зарензаковска Потевска. Таа вели дека со моменталното намалување на горивата не очекува да се случи голема промена во цените на останатите производи.

Доколку се задржи една таква тенденција на подолг рок на светско ниво, тогаш може да се очекува некакво намалување, така што во моментов не очекувам никакво намалување на цените, тоа е.
Марија Зарензанкова Потевска, универзитетски професор.

„Затоа што нафтата и нафтените деривати се производи од стратешко значење, така што нивната цена зависи од цената на светско ниво, моментално е таква, но доколку се смени ќе се сменат и состојбите, затоа не очекувам на краток рок дека ќе има некакви промени во нашите цени.“

Поранешниот министер за финансии и универзитетски професор Трајко Славески вели дека прашањето дали цените на производите ќе се намалат како последица на поевтиниот бензин не може никој со сигурност да го одговори, затоа што цените се формираат на пазарот и тоа е одлука на самите понудувачи на стоки и услуги.

Може да се очекува по извесен временски период на приспособување, намалување на транспортните трошоци, а со тоа и производствените трошоци.
Трајко Славески, универзитетски професор.

„Ефектот за Република Македонија, како земја целосно зависна од увоз на нафта и нафтени деривати е поволен, затоа што до ново на крајните потрошувачи повеќе средства остануваат во нивните џебови и тоа позитивно ќе влијае на благо стимулирање на економијата.“

Зарензанкова Потевска вели додава дека на долг рок очекувањата се поинакви.

„Доколку се задржи една таква тенденција на подолг рок на светско ниво, тогаш може да се очекува некакво намалување, така што во моментов не очекувам никакво намалување на цените, тоа е.“

Славески пак вели благо намалување на цените може да се очекува со извесно задоцнување.

„Може да се очекува по извесен временски период на приспособување, намалување на транспортните трошоци, а со тоа и производствените трошоци и оттука во зависност на законите на понуда и побарувачка на пазарот можеме да очекуваме и би требало да се очекува дека ќе има нагло намалување на цените со извесно задоцнување и на крајните цени на производите.“

Иако со побавно темпо во однос светско ниво, во изминатиов период во земјава има намалување на цената на бензините, за што граѓаните очекуваат дека треба да доведе и до паѓање на цените на преостанатите производи и услуги затоа што вредноста на горивата се пресметува во крајните цени на прехранбените производи и на услугите.

Според досегашната пракса во Македонија секогаш кога се зголемува цената на нафтата, се зголемува и цените на храната. Но кога станува збор за обратна ситуација, тоа не се случува. Ова настанува затоа што цените се покрути кога треба да одат надолу објаснува Славески.

На светските берзи во јуни годинава цената на нафтата изнесуваше 107 долари, додека таа сега е околу 66 долари за барел. Кај нас цената на бензините во истиот период се намали за околу десет денари за литар, и покрај тоа што цената за барел на светските берзи за шест месеци се намали за 40 отсто. За една година, бензините поевтиниле во просек за 15 денари.

Корекција на цената на горивата се прави на секои две недели. Клучни за одредување на новата цена се, цената на суровата нафта на светските берзи и курсот на денарот во однос на доларот.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG