Екологистите бараат итна реакција на надлежните институции за загадувањето во Скопје и Тетово, бидејќи воздухот, поради магливото време, е штетен по здравјето. Според индексот на загадување, нивото на суспендирани честички ПМ 10 е високо во неколку скопски населби, а во Тетово е многу високо.
Тоа што би требало да се преземе е сетот на оние итни мерки во однос на транспортот во Скопје, како и во однос на греењето. Како прво, еден апел до сите граѓани да ги остават возилата кога е ваков тип на време, особено во Скопје.Александра Бујаровска, еколошка организација Фронт 21/42.
Факт е дека во поширокиот дел на центарот на Скопје и во неколку населби воздухот е многу загаден и тоа главно поради сообраќајот, индустријата и затоплувањето, вели Александра Бујаровска од еколошката организација Фронт 21/42. Таа посочува дека за Скопје во моментов најголем проблем е загадувањето кое доаѓа од сообраќајот, а за Битола и Тетово загадувањето кое доаѓа од индустријата.
„Тоа што би требало да се преземе е сетот на оние итни мерки во однос на транспортот во Скопје, како и во однос на греењето. Како прво, еден апел до сите граѓани да ги остават возилата кога е ваков тип на време, особено во Скопје“, вели таа.
Домаќинствата се под локалните самоуправи. Регулирање на сообраќајот, каков тип на регулација ќе направат е на локалната самоуправа, таа треба да даде предлог на Министерството за внатрешни работи. Тоа се сет мерки кои се предложени и кои, ако се надминува десет дена загадување, ќе треба да се применат.Сашо Секоловски, портпарол на Министерството за животна средина.
Најкритично е во Тетово, каде загадувањето за осум пати ги надминува дозволените вредности. Во Скопје загадувањето на воздухот е највисоко во населбите Лисиче, Гази Баба, Карпош и во Центар. Концентрацијата на ПМ 10 честичките е најголема во Лисиче, каде за околу шест пати ги надминува дозволените граници.
Големите индустриски загадувачи кои подлежат на дозволи, имаа рок за усогласување на нивната технологија. Нема исполнување на голем број на условите од самата дозвола. Еден од капацитетите кои се критични, а кои почнаа многу доцна со унапредување на технологијата е РЕК Битола, последниот рок кој тие си го дадоа е 2018 година. Сличен таков пример е со Југохром, кај кој нема исполнување на голем број услови од дозволите. Во однос на Скопје, Усје направи речиси целосно усогласување, додека круцијалниот комплекс поранешна Железара е затворен.
Од Министерството за животна средина велат дека има краткорочни долгорочни и среднорочни мерки кои треба да се реализираат ако има 10 дена надминување на границите на загадување. Прагот на алармирање е над 10 дена загадување, вели Сашо Секоловски, портпарол на Министерството за животна средина. Тој вели дека поголем дел од имплементацијата на овие мерки е во надлежност на локалната самоуправа, додека Министерството е надлежно за големите компании.
„Домаќинствата се под локалните самоуправи. Регулирање на сообраќајот, каков тип на регулација ќе направат е на локалната самоуправа, таа треба да даде предлог на Министерството за внатрешни работи. Тоа се сет мерки кои се предложени и кои, ако се надминува десет дена загадување, ќе треба да се применат“, вели тој.
Екологистите бараат институциите да работат и на подобро организирање на јавниот превоз за да може да се намали употребата на автомобили. Бујаровска исто така смета дека во градот нема ниту доволно патеки за велосипедистите.
„Голем број на патеки на кои едноставно не може ни да се помине пешки, а камоли ли како учесник во сообраќајот со велосипед. По однос на јавниот транспорт, на автобусите, треба подобри мапи, подобра организираност и поголема точност, тоа е“, вели таа.