Охридските хотелиери и угостители ќе ги намалат цените на аранжманите за време на празникот Богојавление Водици во јануари наредната година со цел Охрид во тој период од годината да го посетат што е можно повеќе туристи. Димитар Пендов, претседател на здружението на угостители на Охрид, вели дека тој попуст овој пат ќе биде продолжен на десет дена.
Секој ќе понуди цена што е за околу 50 отсто пониска од вообичаената за овој период. Некаде околу дваесет хотели понудија попусти, а ноќевање со појадок ќе се движи од 10-22 евра во зависност од категоријата на хотелот во период од 12 до 20 јануари.Димитар Пендов, претседател на здружението на угостители на Охрид.
„Секој ќе понуди цена што е за околу 50 отсто пониска од вообичаената за овој период. Некаде околу дваесет хотели понудија попусти, а ноќевање со појадок ќе се движи од 10-22 евра во зависност од категоријата на хотелот во период од 12 до 20 јануари. Се надеваме дека овој потег ќе придонесе да се заголеми бројот на гости кои ќе дојдат во Охрид“, рече Пендов.
Оваа интенција на намалување на цените се надеваме дека ќе продолжи и наредните години, вели Пендов, со што Охрид и на зима да биде туристички град.
Перо Кутаноски, менаџер на хотелот Гранит, вели дека од година на година има зголемување на бројот на гости кои доаѓаат во Охрид во овој период од годината.
Попустите кои ги даваме секоја година, па и оваа година, се доста примамливи. Не очекуваме некоја импозантна бројка, но сепак ќе има бројка на гости кои ќе го одбележат денот.Перо Кутаноски, менаџер на хотелот Гранит.
„Попустите кои ги даваме секоја година, па и оваа година, се доста примамливи. Не очекуваме некоја импозантна бројка, но сепак ќе има бројка на гости кои ќе го одбележат денот“, вели Кутаноски.
Кумови за Водици овој пат ќе бидат бизнисменот Зоран Милески и пејачот Жељко Јоксимовиќ од Србија, со што, како што вели Љупчо Арнаудов, претседател на Здружението Богојавление, ќе се реализира желбата празникот да се шири и во балкански рамки.
„Ние почнавме прво меѓу нас градска манифестација, потоа продолживме со Ванчо Чифлиганец како македонска манифестација и сега одиме на балканска“, рече Арнаудов.
Охридскиот градоначалник Никола Бакрачески, кој оваа година беше кум за Водици, рече дека овој празник станува еден од препознатливите белези за Охрид. Тој најавува богата програма од настани и манифестации за овој празник. Ванчо Чифлиганец беше поранешен кум за Водици. Вели тој период од годината треба да биде втора сезона за Охрид и тоа градот треба да го искористи.
„Ме радува тоа што излегуваме надвор од Охрид и надвор од Македонија. Естрадната ѕвезда Јоксимовиќ е голема придобивка за тој чин, за Водици, бидејќи православниот свет не е само во Охрид, не е само во Македонија, туку и пошироко, и во Србија, и мислам дека ќе донесе многу голем имиџ на Охрид“, рече Чифлиганец.