Достапни линкови

Што ќе прави Субрата со Љубаништа?


Индискиот бизнисмен Субрата Рој во посета на Охрид, 2013.
Индискиот бизнисмен Субрата Рој во посета на Охрид, 2013.

Градските власти во Охрид немаат информации до каде е реализацијата на овој проект и велат тој е во рацета на Владата. Опозицијата вели дека проектот ќе го снајде истото што и Џумајлија.

Не би изгубиле ништо доколку не се реализираат најавените инвестици на Индиецот Субрата Рој кој во Љубаништа кај Охрид требаше да гради супер луксузен комплекс, но би имале бенефот ако се случи обратното, рече секретарот во општина Охрид, Димитар Спасески.

Апсолутно сме отворени за сите странски инвеститори вклучително и за Субрата Рој и она што ќе биде побарано од нас како локална самоуправа да го испорачаме. Ние не го водиме тој процес, тој процес го води Владата на Македонија, преку соодветните министерства.
Димитар Спасески, секретар на Општина Охрид.

Градските власти во Охрид немаат информации до каде е реализацијата на овој проект и дали помпезно најавуваната инвестиција на власта ќе се реализира или не. Ова доаѓа откако неодамна беше најавено дека започнува постапка за раскинување на договорот со Рој и неговата компанија во врска со најавената инвестиција во Агро-комбинатот „Џумајлија“.

„До нас се уште не е стигната информација дека прекинуваат инвестициите, така што ние како и за секој друг инвеститор сме исто отворени и подготвени за инвестициите на компаниите на Субрата Рој. Како локална самоуправа само би добиле бенефит доколку се случат тие инвестиции, не би изгубиле ништо доколку не се случат тие инвестиции. Апсолутно сме отворени за сите странски инвеститори вклучително и за Субрата Рој и она што ќе биде побарано од нас како локална самоуправа да го испорачаме. Ние не го водиме тој процес, тој процес го води Владата на Македонија, преку соодветните министерства“, рече Спасески.

Ние многу често како СДСМ ја критикуваме другата страна на ВМРО-ДПМНЕ дека повеќе пропагандно, пред избори, најавуваат големи инвестиции кои на крај завршуваат вака, вели
Јован Стојаноски, координатор на советничката група на СДСМ.

Во моментот немаме прецизен одговор што ќе се случи, рече Спасески.

Од тој човек нема ништо и од тие инвестиции нема да има ништо, смета Јован Стојаноски советник од СДСМ и професор на факултетот за туризам.

„Свети Наум не е место за вакви инвестиции, тоа е еден божествен рај каде што треба да има поинаква концепција за развоји поинакво привлекување на инвестиции, отколку да се градат казина. И гледате последната ситуација која се случи со комбинатот „Џумајлија“ и инвестициите од кои нема да има ништо. Ние многу често како СДСМ ја критикуваме другата страна на ВМРО-ДПМНЕ дека повеќе пропагандно, пред избори, најавуваат големи инвестиции кои на крај завршуваат вака, вели Јован Стојаноски, координатор на советничката група на СДСМ.

Дејан Блажески советник од ЛДП, вели дека тие како партија изразуваат жалење заради огромното фијаско на проектот Субрата.

„Јас се надевам и посакувам одговорно истиот случај да го направи и за она што се однесува за Лубаништа. Скептик сум дека тоа ќе се прави, а уште повеќе што сум против да се врши една таква узурпација и да се врши експропријација на земјиштето без претходно утврдување на вистинската вредност на самото место кај крајбрежниот појас“, рече Блажески.

Од компанијата на Субрата Рој во Македонија пред неколку дена информираа дека не се откажуваат од проектите во Македонија и оти не постои ниту најмал сомнеж за нивно повлекување.

XS
SM
MD
LG