Достапни линкови

Студентите протестираа

Вториот Студентски Марш поради најавата за државен испит, помасовен од првиот, заврши мирно и со доставени барања до Владата.

14:04 10.12.2014
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:28 0:00
Директен линк

14:21 10.12.2014

Предадено писмо со барања до владата

Претставници на студентите пред малку предадоа до владата писмо со своите барања. Неколку илјади насобрани извикуваат „не за екстерното“ „екстерно за владата“, „Притисокот не` прави посилни“. Инаку на протестот има и многу повеќе професори и случајни минувачи кои им се приклучија на студентите. Над владата може да се забележат и дронови кои го следат настанот

14:34 10.12.2014

Мирно заврши студентскиот марш

Претставници на студентите ѝ предадоа на владата писмо со своите барања, по што студентскиот марш во Скопје заврши. Неколкуте илјади студенти што излегоа на протестот против воведувањето државен испит мирно се разотидоа. Тие извикува „не за екстерното“, „екстерно за владата“, „Притисокот нè прави посилни“. На денешниот протест излегоа повеќе студенти отколку на претходниот марш на 17 ноември. Над владата можеа да се забележат и дронови кои го следат настанот.

14:43 10.12.2014

Студентскиот марш помасовен од претходниот

Платото пред универзитетот Св. Кирил и Методиј беше претесно да ги собере сите студенти, кои беа во помасовен број од првиот марш. Протестот заврши со доставување писмо со барања до владата

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG