Видео од вчерашната прес конференција на Студентскиот Пленум на која беше објавени деталите околу денешниот протест на студентите
Втор студентски марш против државниот испит
Студентите денеска ќе излезат на втор протестен марш против воведувањето на државниот испит на универзитетите. Организаторите од Студентскиот пленум најавија дека маршот ќе започне во 12 часот пред платото на универзитетот св. Кирил и Методиј, а ќе продолжи до Собранието, па до Владата. Тие повикаа на мирен марш и апелираа да нема никакви национални и партиски симболи. Од Студентскиот пленум изјавија дека очекуваат масовност и поддршка од професорите, средношколците и сите засегнати страни кои се грижат за квалитетот за високото образование.
Унијата на студенти Албанци го поддржаа Студентскиот Марш
Унијата на студенти – Албанци соопшти денеска дека ќе го поддржат студентскиот марш закажан за денеска во 12 часот, објави порталот Алмакос, пренесе Нова ТВ.
Од Унијата велат дека се против предлогот на Владата за државен испит во високото образование. Унијата на албански студенти смета дека не треба да се дозволи да се политизираат образовните вредности. Тие повикуваат заедно и масовно да се излезе на утрешниот протест.
Студентите биле и треба да бидат силата на позитивни промени во општеството и образованието, велат од Унијата.