Достапни линкови

Студентите протестираа

Вториот Студентски Марш поради најавата за државен испит, помасовен од првиот, заврши мирно и со доставени барања до Владата.

12:50 10.12.2014
12:57 10.12.2014

Од платото пред Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, каде на присутните им се обратија членовите на студентскиот пленум, апелирајќи за мирни протести, толпата се упати по булеварот „Филип Втори“, кој минува покрај МНТ и новата зграда на Министерството за надворешни работи. Крајна цел се Собранието и Владата на Република Македонија

13:12 10.12.2014

Неколку илјади студенти во моментов се пред зградата на Министерството за надворешни работи. Тие извикуваат: Автономија, Автономија. Која сила ќе ги запре студентите. Студентите потоа се упатија пред зградата на Собранието на Република Македонија


13:18 10.12.2014

На социјалните мрежи се шират информации дека во Скопје „паднала“ мрежата на Т - Мобиле?

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG