Ние сме спремни, а вие ? #СтудентскиМарш #СтудентскиПленум pic.twitter.com/dzQEEMP6Mn
— Розева ми е омилена (@EveNeznam) December 10, 2014
На социјалните мрежи се шират информации дека во Скопје „паднала“ мрежата на Т - Мобиле?
Неколку илјади студенти во моментов се пред зградата на Министерството за надворешни работи. Тие извикуваат: Автономија, Автономија. Која сила ќе ги запре студентите. Студентите потоа се упатија пред зградата на Собранието на Република Македонија
Од платото пред Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, каде на присутните им се обратија членовите на студентскиот пленум, апелирајќи за мирни протести, толпата се упати по булеварот „Филип Втори“, кој минува покрај МНТ и новата зграда на Министерството за надворешни работи. Крајна цел се Собранието и Владата на Република Македонија