Достапни линкови

Ветувањето за „пост-расна ера“ во САД бледнее


Протести во САД за убиството во Фергусон
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:53 0:00

Протести во САД за убиството во Фергусон

Изборот на Барак Обама во 2008 година предизвика дебати за „пост-расна“ ера во САД, која го надминува мрачното минато на ропство и институционален расизам. Но, неодамнешната одлука на американската Судска порота да не им се суди на белите полицајци кои убија црни осомничени лица предизвика улични протести низ целата земја, што, според многумина, ја покажува постојаната расна поделба, пишува Карл Шрек од Вашингтон.

Јас секогаш велев дека идејата оти расизмот е минатото е апсурд и оти оние кои тоа го велат се или наивни или неискрени, напиша Јуџин Робинсон, колумнист на Вашингтон Пост.

Кога станува збор, за жал, како што видовме во последниве денови, за нашиот кривично - правен систем, се виде дека многу Американци чувствуваат длабока неправедност. Станува збор за јаз меѓу нашите идеали и законите кои се спроведуваат на дневна основа.
Барак Обама, претседател на САД.

Судскиот Совет на 3 декември одлучи да не биде обвинет полицаец од Њујорк за смртта на Ерик Гарнер, црн Американец осомничен за нелегална продажба на цигари.

Видео снимката од инцидентот во јули покажа дека полицаецот го гуши Гарнер кога се обидува да го уапси додека тој вели: „Не можам да дишам“. Полицијата и болничари кои пристигнаа на местото на настанот потоа го оставија без надзор неколку минути и 43-годишниот маж, кој страдал од астма, подоцна починал.

„Не можам да дишам“ стана плач на демонстранти од сите раси во САД кои и опонираат на одлуката на судската порота никој да не биде обвинет и покрај доказите од видео-снимката.

Имаме долга историја на расизам во оваа земја, а како што се случува со кривично правниот систем, тоа е можеби најпознатиот инструмент за спроведување на расизам.
Та Неши Коутс, истакнат афро-американски новинар и интелектуалец.

Оваа одлука беше донесена само неколку недели откако друга голема судска порота гласаше да не биде обвинет бел полицаец кој застрела еден 18-годишен црнец во Фергусон, Мисури.

Полицискиот службеник во тој случај тврдеше дека дејствувал во самоодбрана, иако имаше очевидец кој го тврдеше спротивното.

Двата случаи го нагласуваат она што, според многумина, е нефер спроведување на законот кон Афроамериканците и атмосфера на неказнивоста на полицијата.

Американскиот претседател Барак Обама во неколку наврати истакна дека САД е земја на законот.

Во говорот во Вашингтон на 4 декември, еден ден по одлуката за Гарнер, тој рече:

Должност е на сите нас, како Американци, без оглед на расата и верата, е да признаеме дека ова е американски проблем, а не само еден проблем на црнци или други.
Барак Обама, претседател на САД.

„Кога станува збор, за жал, како што видовме во последниве денови, за нашиот кривично - правен систем, се виде дека многу Американци чувствуваат длабока неправедност. Станува збор за јаз меѓу нашите идеали и законите кои се спроведуваат на дневна основа“, рече Обама.

Долга историја на расизам

Истакнатиот афро-американски новинар и интелектуалец Та Неши Коутс рече дека прашањето за полициско насилство против црнците во САД не може да се гледа одвоено, туку како дел од поширокиот проблем со расизмот.

„Имаме долга историја на расизам во оваа земја, а како што се случува со кривично правниот систем, тоа е можеби најпознатиот инструмент за спроведување на расизам“, изјави Коутс во 3 декември во интервју за МСНБЦ.

Коутс не е осамен во својата оценка за состојбата со расните односи во САД.

Една анкета спроведена во август од страна на Истражувачкиот центар Пју и „УСА Тудеј“ покажува дека, иако мнозинството од двете заедници, црнците и белците, имаат позитивно мислење за односите меѓу расите, процентот на Афроамериканци кои го застапуваат овој поглед се намали за 12 поени, од 76 отсто на 64 отсто од 2009 година, годината кога Обама ја презеде функцијата.

Во меѓувреме, според Бирото за попис и статистика на САД, процентот на Американците со африканско потекло кои живеат во сиромаштија се намали во текот на изминатите 50 години, но и натаму црнците заостануваат зад нивните бели сонародници кога станува збор за приходи, домување, вработување, образование, животен век и други категории.

Црнците се, исто така, непропорционално застапени и како жртви и како сторители на убиства, според ФБИ податоци од 2011. Иако тие се помалку од 13 отсто од населението на САД, црнци се половина од жртви на убиства во САД во таа година.

Американски проблем

Веднаш по одлуката на големата порота за смртта на Гарнер, Обама вети дека тој е „апсолутно посветен за држава во која секој верува во принципот на еднаквост пред законот“. Обама ја истакна важноста на единството без оглед на расата.

„Должност е на сите нас, како Американци, без оглед на расата и верата, е да признаеме дека ова е американски проблем, а не само еден проблем на црнци или други“, рече Обама.

Како и да е, случајот со судската одлука за Гарнер предизвика многу политички анализи, но и многу сатиричари да се борат со зборови.

„Ние дефинитивно не живееме во пост-расно општество“, ќе рече Џон Стјуарт, домаќин на политичко сатирична програмата „The Daily Show“, во својот мрачен монолог на 3 Декември.

„И се обложувам дека постојат многу луѓе кои се прашуваат во какво општество живееме сите ние“, рече Стјуарт, кој заврши со зборовите - „Не знам што да кажам“.

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG