Граѓаните на Тетово ги добија и новите повисоки сметки за вода, откако неодамна Советот на Општината одлучи износот да се зголеми за 50 проценти. Но, иако треба да платат повеќе, вода ќе имaат исто, односно претежно ќе ја немаат во текот на денот. Есенските месеци се период кога веќе изразено се чувствува недостигот на вода за пиење пред сè во повисоките делови на градот поради намалување на дарежливоста на планинските извори и дотокот во градската водоводна мрежа.
Претежно нема, саат и пол, два саати ако има толку. Навечер ја пуштаат ама кој ќе станува да полни вода од 10 до 2 часот. И поскапе за 50 отсто.Анкетиран граѓанин.
Поради ваквата состојба, постои голем револт, пред сè кај мештаните во населбите како Колтук и Два Бреста, каде вода за пиење низ чешмите тече само неколку часа во текот на денот.
„Претежно нема, саат и пол, два саати ако има толку. Навечер ја пуштаат ама кој ќе станува да полни вода од 10 до 2 часот. И поскапе за 50 отсто.“
До крај на овој работен период ќе биде една четвртина од проектот извршен.Нурхан Изаири, министер за животна средина.
„Јас плаќам 10 евра за пет души, а ваму немаме вода. Опасна работа, сè од шишиња пиеме“, велат граѓани на Тетово.
Новиот водоснабдителен систем што се смета за трајно решение, почна да се гради годинава во август. До почнувањето на градежните работи дојде откако после повеќе години се договорија централната и локалната власт.
„Досега се монтирани 1,7 километри водоводна мрежа. Се очекува за следниот месец да се монтираат уште 1,7 километри. До крај на овој работен период ќе биде една четвртина од проектот извршен“, вели министерот за животна средина Нурхан Изаири.
Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, вели дека изградбата се одвива според утврдените фази во проектот кој треба да биде реализиран за 18 месеци активна работа.
„Според предвидувањата, динамиката со која се одвива работата покажува дека во текот на годината ќе се заврши според планираното и со исто темпо ќе се продолжи догодина, сè до завршување на проектот“, вели таа.
Од друга страна, нема привремени решенија за актуелниот недостиг на вода. Граѓаните ќе мораат да чекаат најмалку година и половина па да имаат редовно вода за пиење.