Достапни линкови

Владин популизам: Преку оглас ги видоа веќе видените


Од неколкуте функционери што беа примени на владините огласи, а чии имиња беа обелоденети, практично во голем дел се работи за луѓе кои и досега работеа во владините институции.

Да ги мотивираме најдобрите, најквалитетните, најуспешните кандидати да се јават. Ова е специјален сигнал за нив, да ги запознаеме, да разговараме, да ги видиме, да го имаат нашето внимание и да добијат можност да раководат.

Владата повикува младите и мотивирани луѓе да се јават, тоа се граничи со виц од Монти Пајтон стил, затоа што владата со тоа и порано покажувала дека немала интерес и немала капацитет преку регуларните огласи на Агенцијата за државни службеници да ги мотивира, да ги прими и да ги препознае квалитетните луѓе, за да ги вработи.
Соња Стојадиновиќ, политиколог.

Вака во јуни владиниот портпарол го најави големиот оглас за вработувања во Владата. Деновиве во јавноста, пак, почнаа да излегуваат и имињата на избраните.

Од неколкуте функционери што беа обелоденети, практично во голем дел се работи за луѓе кои и досега работеа во владините институции. Еден таков пример е новиот државен секретар во МНР, Елена Кузмановска, која досега ја извршуваше таа функција во Министерство за транспорт и врски. На нејзиното досегашното работно место, пак, доаѓа Владо Мисајловски, кој беше државен секретар во МНР.

Вие ако имате одредени компании коишто настапуваат и се борат за удел на пазарот, со оваа мерка владата им дава, да речеме, кооперативна предност на овие компании, затоа што само тие се ставени во таа референцијална листа.
Висар Адеми, економски аналитичар.

Според аналитичарот Соња Стојадиновиќ, самиот владин оглас всушност и бил целосно популистички потег.

„Владата повикува младите и мотивирани луѓе да се јават, тоа се граничи со виц од Монти Пајтон стил, затоа што владата со тоа и порано покажувала дека немала интерес и немала капацитет преку регуларните огласи на Агенцијата за државни службеници да ги мотивира, да ги прими и да ги препознае квалитетните луѓе, за да ги вработи. А со самите ротации што веќе јавно се објавени се покажува дека воопшто владата не ни имала никаков интерес да ги вработи луѓето кои не се партиски определени“, вели Стојадиновиќ.

Летово, пак, во август владата објави уште една мерка која аналитичарите ја квалификуваат исто како популистичка. Како исполнување на големо ветување беше презентирано отпишувањето на долговите за најранливите категории граѓани. Според економскиот аналитичар Висар Адеми, мерката е проблематична, оти им се дава предност на неколку компании на кои владата им гарантира дека ќе го подобрат нивниот готовински тек, а и, како што вели, можело да се направи листа на социјално загрозени граѓани кои би биле потенцијални гласачи на оваа владејачка гарнитура. Адеми смета дека како краен ефект со ваквата мерка се поткопува пазарната економија.

„Вие ако имате одредени компании коишто настапуваат и се борат за удел на пазарот, со оваа мерка владата им дава, да речеме, кооперативна предност на овие компании, затоа што само тие се ставени во таа референцијална листа. Втора работа е зошто одредена група на луѓе да плаќаат за овие социјално ранливи категории кога треба да се има одржливи системи, а не системи во кои некој плаќа, а некој да седи дома и да даде само документ дека е социјално загрозен“, вели Адеми.

Владата повеќе пати има преземано чекори кои според дел од јавноста се популистички. И претходно преку оглас се вработуваа амбасадори, а и ВМРО-ДПМНЕ организираше акција наречена нов бран со која требаше да се внесат нови лица во партиските структури. На јавниот сервис, пак, беше емитувана и емисија на која гостуваа министрите и се извлекуваа имињата на социјално загрозените лица кои конкурираа на огласот за вработување во администрацијата.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG