Достапни линкови

Со подобра инфраструктура до поголема конкурентност


Илустрација.
Илустрација.

За да се постигне зголемување на конкурентноста на македонското стопанство недостигаат квалитетна сообраќајна, комунална и енергетска инфраструктура, како и подобра соработка за трговско и инфраструктурно поврзување, велат упатените.

Мал е бројот на македонски компании чии производи и услуги имаат голема конкурентност на европските и регионалните пазари. Тоа се компаниите од металната, прехранбената и агро-индустријата. Конкурентноста на компаниите и квалитетот на нивните производи генерално се на ниско ниво, вели Миле Бошков од Бизнис конфедерацијата на Македонија.

Еднаш кога ќе се знае дека системското и корпоративното управување на компанијата не се прави од една канцеларија и кога тоа ќе се подели со луѓе кои тоа го знаат и со тек на време ќе вложуваат во подигнување на капацитетите, тогаш веќе можеме да зборуваме за силно подигнување на конкурентските предности на македонските компании.
Миле Бошков, Бизнис конфедерација на Македонија.

Причините за ниската конкурентност Бошков ги гледа во недостигот на кадар што поседува вештини во управувањето на компаниите, во менаџирањето на продажбата и производите и во деловите на извозот, дистрибуцијата и настапувањето на странските пазари.

„Еднаш кога ќе се знае дека системското и корпоративното управување на компанијата не се прави од една канцеларија и кога тоа ќе се подели со луѓе кои тоа го знаат и со тек на време ќе вложуваат во подигнување на капацитетите, тогаш веќе можеме да зборуваме за силно подигнување на конкурентските предности на македонските компании“, вели Бошков.

За да се постигне зголемување на конкурентноста недостасуваат квалитетна сообраќајна, комунална и енергетска инфраструктура, како и подобра соработка за трговско и инфраструктурно поврзување.
Елена Милевска – Штрбевска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија.

Премиерите и лидерите на бизнис заедниците на земјите од Западен Балкан деновиве дебатираа на оваа тема на регионалната конференција во Црна Гора. Нивните оценки се дека економската соработка меѓу земјите и подобрувањето на конкурентноста на компаниите се можни преку реформи во образовните и правните системи на земјите, но и со повеќе инвестиции, зголемен извоз и оспособување на стручен кадар.

Оперативниот директор на Стопанската комора на Македонија, Елена Милевска – Штрбевска, пренесувајќи го заклучоците од конференцијата вели дека за напредок во овие области земјите треба да ги усогласат своите регулативи со правото на Европската унија, а потребни се инвестиции во инфраструктурни проекти.

„За да се постигне зголемување на конкурентноста недостасуваат квалитетна сообраќајна, комунална и енергетска инфраструктура, како и подобра соработка за трговско и инфраструктурно поврзување“, вели таа.

Миле Бошков додава дека македонските компании треба да ги освојат пазарите во земјите од поранешна Југославија преку старите традиционални врски, но и посочува на тоа дека инфраструктурата е главен фактор за поттикнување на бизнисот.

„Треба да ги освоиме тие пазари со нашиот традиционален вкус, не само во прехранбената индустрија, туку со традиционален вкус и имиџ на македонскиот традиционален производ и со предноста како дел од едно поранешно семејство“, вели Бошков.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG