Во најновиот проект „Да се истрае во кругот“ („To Persist in the Circle“) на уметничката група „МОМИ“, составена од седум авторки - Зорица Зафировска, Ана Ивановска, Христина Зафировска, Маја Кировска, Татјана Ристовска, Марија Сотировска и Кристина Хаџиева, круцијален момент на интерес е симболиката на кругот, а неговата формална геометриска појавност е само појдовен елемент врз кој се надградува приказната на секоја авторка одделно.
Тоа е стилизиран објект кој што е поставен дел на ѕидот и дел на земја и е асоцијација за рефлексија и симболично вечно раѓање и зачеток на нештата. Делото е насловено „Парче ембрион“ и во него се објаснува мајчинството.Христина Зафировска, уметница.
Различните уметнички сензибилитети повторно нудат возбудливи толкувања на дадената тема и се движат од естетски мотивирани размисли за ликовноста на кругот, па сѐ до критика на современoста.
Авторките со изборот на темата „Да се истрае во кругот“, односно кругот како елемент со изразени симболични значења (геометриски, онтолошки, космолошки, еротски, општествени), нудат свои толкувања на универзалните и на вонвременските теми како што се вечните циклични движења, раѓањето, промените - ќе забележи во каталогот за изложбата кураторот на овој проект Маја Чанкуловска-Михајловска.
Јас на еден комичен начин ја третирам оваа тема па од визуелен аспект наместо круг ставам триаголник. Меѓутоа самата симболика на делото кое што го изложувам повторно е поврзана со цикличните појави во животот на човекот, во природата и т.н. И затоа можам слободно да кажам дека на тој начин се вклопив во оваа тема.Маја Кировска, уметница.
До овој наслов „Да се истрае во кругот“, како што велат уметниците, дошле по две години заедничка работа. Всушност кога направиле анализа на она што го имаат сработено во изминатиот период, заклучиле дека кругот е елемент кој што се проткајува низ сите дела кои што тие ги одбираат кога изложуваат заедно. Затоа и решиле овој пат да го истретираат кругот не само како визуелна, туку и како симболична форма која го отсликува и нивниот начин на групна работа.
Христина Зафировска истакнува дека изразот на нејзиното дело „Парче ембрион“ е поп-артистички и дека станува збор за стилизиран објект.
„Тоа е стилизиран објект кој што е поставен дел на ѕидот и дел на земја и е асоцијација за рефлексија и симболично вечно раѓање и зачеток на нештата. Делото е насловено „Парче ембрион“ и во него се објаснува мајчинството“, вели Зафировска.
Маја Кировска, од своја страна, пак, забележува дека таа на еден комичен начин решила да ја третира оваа тема.
„Јас на еден комичен начин ја третирам оваа тема па од визуелен аспект наместо круг ставам триаголник. Меѓутоа самата симболика на делото кое што го изложувам повторно е поврзана со цикличните појави во животот на човекот, во природата и т.н. И затоа можам слободно да кажам дека на тој начин се вклопив во оваа тема“, вели Кировска.
Инаку, ова е десеттото по ред заедничко претставување на „Моми“ како уметнички колектив, а следниот нивни исчекор ќе биде постановката што во декември годинава треба да ја реализират во Загреб, Хрватска.
„Насловот на изложбата која што ќе се одржи на 5 декември во Загреб е „Отпор. Што?“ ( „Resistance. What?“) и таму се поставуваат прашања во смисла на давање на отпор и давање на одговори на тој отпор. Тоа е лично видување на отпорот кон општеството, кон љубовта, отпор кон комуникација со луѓето. Во таа насока, секој автор ќе си даде свој одговор на тоа прашање“, појаснува Христина Зафировска.