Во Белград денеска се одржува Парада на гордоста. На улиците на главниот град на Србија има големо полициско присуство и специјалци со оклопни возила и водени топови. На парадата присуствуваат министри во српската влада, познати политичари, градоначалникот на Белград, странски амбасадори, како и луѓе од културниот живот. Екстремистички групи се обидуваат да ја нападнат парадата, но полицијата ги спречува.