Достапни линкови

Поречието ја зголемува туристичката понуда


Недопрената природа, но и езерото Козјак и бројните новоотворени угостителски капацитети сè повеќе ги привлекуваат, колку домашните, толку и странските туристи во Поречието.

Чистата еколошка природа, воздухот, водените потенцијали, а особено езерото Козјак и бројните новоотворени угостителски капацитети со квалитетни услуги сè повеќе ги привлекуваат, колку домашните, толку и странските туристи во Поречието.

Почнувајќи од природата која е прекрасна со многу зеленило, многу вода, многу мир, па сè до гостољубивоста на нашите домаќини и не е случајно што толку долго доаѓаме, без да размислуваме за друго место, и навистина додека сме тука, навистина уживаме, се одмораме.
Јованчо Ангушевски, турист од Скопје.

„Почнувајќи од природата која е прекрасна со многу зеленило, многу вода, многу мир, па сè до гостољубивоста на нашите домаќини и не е случајно што толку долго доаѓаме, без да размислуваме за друго место, и навистина додека сме тука, навистина уживаме, се одмораме“, вели Јованчо Ангушевски од Скопје.

Освен домашните, велат сопствениците на угостителските локали, расте бројот на гости од странство, кои на прв поглед се вљубуваат во природата, но и во вкусната храна и гостопримство на домаќините.

Во месноста Близанско и Белица на потегот на езерото Козјак се продадени 260 плацови. Исто така има продадени и доста локации за туристички објекти, локација за два хотела, се вршат подготовки за изградба на овие хотели, се продаде исто така локација за изградба на ресторан на самото езеро Козјак. Се надеваме и дека во иднина ќе продолжи овој ек на градба на езерото Козјак.
Милосим Војнески, градоначалник на Македонски Брод.

„Од Македонија доаѓаат од секаде, а плус од Чешка имаат доаѓано, од Германија, од Австралија, кои престојувале во бунгаловите. Најмногу ги интересира природата што е еколошки чиста, нема од ништо загадување, со еколошки чиста храна и така. Секој којшто дошол, особено од странство, велат друг пат кога ќе дојдеме сигурно ќе ве посетиме“, вели Стојанка Апостолова.

Угостителите секоја година ги зголемуваат и сопствените инвестиции, се градат нови објекти, а се прошируваат и постоечките капацитети.

„Најнова инвестиција имаме оваа година, околу 24 легла, инвестиција во нови апартмани, кои се функционални, пуштени и се полни, фала богу. Луѓето шетаат покрај река, рибарат, одмараат, едноставно одмараат, храната селски специјалитети, кои што ги нудиме и тие се доста интересни да ги пробаат туристите, рибата се знае број еден во овој крај“, вели Добри Цветаноски, сопственик на ресторан со сместувачки капацитет.

Но, најголем е интересот за инвестирање на просторот околу езерото Козјак, каде многу скопски политичари и бизнисмени веќе имаат купено плацови во викенд населбата.

„Во месноста Близанско и Белица на потегот на езерото Козјак се продадени 260 плацови. Исто така има продадени и доста локации за туристички објекти, локација за два хотела, се вршат подготовки за изградба на овие хотели, се продаде исто така локација за изградба на ресторан на самото езеро Козјак. Се надеваме и дека во иднина ќе продолжи овој ек на градба на езерото Козјак“, вели градоначалникот Милосим Војнески.

Ова е потврда дека Општина Македонски Брод практично ја реализира усвоената стратегија за развој на туризмот. Од тој аспект Општината реализира бројни обуки за едукација на кадри, кои ќе работат и веќе дел од нив работат во угостителството, со цел да се привлечат што поголем број туристи. Во моментов општината располага со задоволителни 150-ина легла.

  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG