Достапни линкови

ЕУ и НАТО задоволни од изборот на Шкотска


Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо оцени дека шкотското отфрлање на независноста од Обединетото кралство ќе помогне во градењето обеденета, отворена и силна Европска унија.

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо оцени дека шкотското отфрлање на независноста од Обединетото кралство ќе помогне во градењето обеденета, отворена и силна Европска унија.

Тој најави дека Комисијата ќе продолжи да се ангажира во дијалогот со шкотската влада во областите кои се под нејзина надлежност како вработувањето и животната средина.

Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј, поздравувајќи ја одлуката на Шкотска наведува дека Велика Британија останува важна членка на Европската унија.

НАТО сојузниците беа загрижени дека поделбата на Обединетото кралство чии подморници со нуклеарно оружје се на бреговите на Шкотска, ќе ја ослаби Алијансата.

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави дека целосно го почитува изборот на граѓаните на Шкотска за отфрлање на независноста.

Тој изрази увереност дека Британија ќе продолжи да игра водечка улога во, како што рече, „зачувувањето на силата на Алијансата“.

НАТО сојузниците беа загрижени дека поделбата на Обединетото кралство чии подморници со нуклеарно оружје се на бреговите на Шкотска, ќе ја ослаби Алијансата.

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц изјави дека му олеснило откако ги слушнал резултатите од референдумот.

Според официјалните резултати од пребројаните гласови во сите 32 округа, противниците на независноста освоиле 55,3 насто, а оне што биле за незвисност 44,7 проценти од гласовите.

Тоа е за над милион и деветстотини гласови за страната која е за останување на Шкотска во Обединетото кралство.

На европските берзи денеска пораснаа акциите по неколкунеделната несигурност меѓу инвеститорите. Британската фунта постигна највисока вредност спрема еврото во изминативе две години.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG