Алекс Салмонд, лидерот на Шкотската Национална партија која го покрена референдумот го призна поразот наведувајќи дека Шкотска решила барем засега да не се одвојува од Обединетото кралство.
Како и илјадниците други во земјава ги дадов душата и срцето во оваа кампања и сега имам чувство на разочараност бидејќи за малку не успеавме да обезбедиме поддршка за независноста.Никола Стургеон, заменик претседател на Шкотската Национална партија.
Тој додаде дека очекува Лондон брзо да ги исполни своите ветувања за давање поголеми овластувања на Шкотска.
Претходно и неговиот заменик Никола Стургеон го призна поразот на референдумот, велејќи:
„Како и илјадниците други во земјава ги дадов душата и срцето во оваа кампања и сега имам чувство на разочараност бидејќи за малку не успеавме да обезбедиме поддршка за независноста“, изјави тој.
Британскиот премиер Дејвид Камерон пак, му упати честитки на предводникот на кампањата против независноста на Шкотска Алистер Дарлинг.
Анкетите пред историското гласање покажауваа дека таа кампања неколку денови пред одржувањето на референдумот успеала да обезбеди мала предност за оние што се за останување на Шкотска во Обединетото кралство.