Достапни линкови

Меркел со 4-годишен план за Балканот


Македонија и Грција ургентно да го решат спорот за името покажувајќи готовност за компромис.

Германската канцеларка Ангела Меркел и лидерите од западниот Балкан на состанокот во Берлин донесоа заклучоци за следниот четиригодишен период.

Во врска со Македонија, се наведува дека спорот за името со Грција мора да се реши ургентно со подготвеност да се направи компромис од сите страни.

Станува збор за нов процес кој ќе го предводат земји-членки на ЕУ, со цел процесот за проширување да остане жива опција.

Во заклучоците се наведува дека наредните четири години земјите од регионот треба да направат дополнителен прогрес во реформскиот процес и во решавањето на билатералните прашања.

Во врска со Македонија, се наведува дека спорот за името со Грција мора да се реши ургентно со подготвеност да се направи компромис од сите страни. Натаму се бара подобрување на владеењето како нов прдизвик за демократиите на Балканот, се нагласува дека мора да и се овозможи на опозицијата да ја одигра својата улога во Парламентот, потоa се бара плурализам во медиумите, независни синдикати и економија ослободена од политичко влијание, нула толеранција за корупцијата и независност на судството.

Германската канцеларка Ангела Меркел и претставниците на ЕУ на самитот во Берлин ветија дека ќе продолжат да го промовираат економскиот развој на регионот. Меркел изјави дека финансирањето на инфраструктурни проекти е од особено значање бидејќи ќе помогне да се постигне разбирање меѓу балканските нации во иднина. Според неа, има реална перспектива за членство во ЕУ на земјите од регионот.

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, изјави дека потребни се инвестиции во инфраструктурата. Тој порача дека ЕУ ќе продолжи да ја игра водечката улога во обезбедувањето на финансиска помош. Самитот е по иницијатива на германската канцеларка Ангела Меркел, а учествуваа Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово.

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG