Достапни линкови

Некои Косовци си ги носат и децата во Сирија


Косовската јавност е шокирана од приказната за еден татко, кој пред два месеци заедно со неговиот осумгодишен син, отиде да се бори во Сирија. Овој случај не е единствен на Косово, каде што наидува на остра осуда и барање на мајките да им се вратат децата.

Мајката Пранвера Абази вели дека тоа е направено без нејзина дозвола. На денот кога заминале нејзиниот сопруг и рекол дека ќе одат на неколку дена во Руговската Шума во близина на Пеќ.

Со мојот син се слушнав само еднаш. Го прашав каде е и тој ми рече дека е многу далеку. Тој рече дека е со муслимански браќа, но повеќе не му беше дозволено да зборува.
Пранвера Абази, жителка на Косово.

„Детето беше без облека, и му реков зошто не носат топла облека. Тој рече дека тоа не е потребно“, изјави Пранвера за КТВ.

Една недела подоцна на телефон, таа доби порака од нејзиниот сопруг, во која тој пишува дека се во Сирија. Неодамна, таа виде слики на нејзиниот син со другите војници со деца под знамето на Исламската држава.

Пранвера додава дека нејзиниот сопруг беше побожен, но дека ќе го земе синиот не ни помислила.

„Со мојот син се слушнав само еднаш. Го прашав каде е и тој ми рече дека е многу далеку. Тој рече дека е со муслимански браќа, но повеќе не му беше дозволено да зборува“, рече таа, барајќи нејзиниот син да се врати што е можно поскоро.

На отворена страница на Фејсбук под наслов „Врати го нашето момче“, досега се собра над 6.000 членови. Портпаролот на косовската полиција Баки Келани, изјави за Радио Слободна Европа дека истражните органи ги презеле сите мерки за инцидентот. Исламската заедница на Косово, потврди дека неодамна забележала дека родителите кои решаваат да заминат за Ирак и Сирија ги земаат со себе и децата. Точниот број на такви случаи е непознат, бидејќи тие, како што велат, се кријат од исламската заедница, која ова го осудува.

„Тоа е незамисливо. Не знам што повеќе да кажам за ова лудило, освен тоа дека мора да се остро да се осуди“, вели за РСЕ секретарот на Исламската заедница, Ресул Реџепи.

Точниот број Косовци, кои се бореле или кои се борат во Сирија и Ирак, не е познат, а досега таму беа убиени 16 граѓани на Косово. Косовската полиција на 11 август, уапси околу 40, а потоа уште двајца граѓани на Косово, под сомнение за вмешаност во борбите во Сирија и Ирак и обезбедување на поддршка за терористичките организации, ИСИС и Ал-Нусра.

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG