Освен зголемување на бројот на разводите во Куманово, значаен проблем изминатите две години е регулирање на видувањата на децата со нивните разведени родители, вели Сузана Митровска, психолог во Центарот за социјални работи. Советите од стручните и компетентните лица не можат многу да влијаат за надминување на овој проблем.
Со раскинување на брачната заедница не престануваат родителските обврски, туку само брачните. Многу често родителите не прават разлика. Најчесто родителот кај кого остануваат децата, индиректно ги злоупотребува.Сузана Митровска, психолог во Центарот за социјални работи во Куманово.
Најтешките последици по разводите ги чувствуваат децата, бидејќи родителите пред разводот не ги подготвуваат за новата состојба. Тие не обрнуваат внимание децата да бидат запознаени со нивниот однос, поточно со родителот кој заминал, кои се последиците, како и со кој родител треба да живеат.
„Дека со раскинување на брачната заедница не престануваат родителските обврски, туку само брачните. Многу често родителите не прават разлика. Најчесто родителот кај кого остануваат децата, индиректно ги злоупотребува“, објаснува Митровска.
Од седум–осум до 14-годишна возраст децата се најпроблематични. Од една страна е почетокот на пубертет, а од друга, пак, проблемите на родителите. На некој начин родителите и децата како да ги замениле улогите. Во такви ситуации, тешко може нешто да се направи.Сузана Митровска, психолог во Центарот за социјални работи во Куманово.
Таа појаснува дека стручните тимови работат и со родителите, со децата, со целото семејство, а кога има потреба децата ги праќаат во советувалиште. Има случаи кога родителите се обидуваат да ги поткупуваат децата за да не одат кај другиот родител. И покрај тоа што родителите се убедени дека ќе ја постигнат целта, не ретко децата до седумгодишна возраст не го прифаќаат тој начин на сепарирање од родителот и не прифаќаат поткуп.
„Од седум–осум до 14-годишна возраст децата се најпроблематични. Од една страна е почетокот на пубертет, а од друга, пак, проблемите на родителите. На некој начин родителите и децата како да ги замениле улогите. Во такви ситуации, тешко може нешто да се направи“, вели Митровска.
Таа додава дека родителот со кој живеат децата треба да ги мотивира да контактираат со другиот родител, што најчесто изостанува. Видувањата на децата со другиот родител се поради тоа што тие имаат потреба од него. Децата се трауматизирани со самиот распад на семејството.
„Може да се случат и дополнителни трауми, а се случува и родителите сами да ги делат децата, што е проблем плус“, вели Митровска.
Според неа, во Куманово се разведуваат луѓе од сите етникуми и со различен степен на образование. Причина за разводите се и интернетот и социјалните мрежи, како и работата во странство, особено на печалбарите во Ирак и Авганистан, поради оддалеченоста на брачните партнери. Меѓутоа, не случајно се вели дека е подобро добар развод, отколку лош брак. По разводот се препорачува родителските обврски да ги исполнуваат, да комуницираат и заедно да ги воспитуваат децата.
„За жал, тие што комуницираат се помалубројни од оние што имаат конфликт“, забележува Митровска.
Последните осум месеци во Центарот за социјални работи во Куманово забележано е зголемување на бројот на разводите за 25 до 30 отсто, во однос на истиот период минатата година.