Достапни линкови

Посетата на Нимиц нема ефекти дома


Посредникот во разговорите за спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц.
Посредникот во разговорите за спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц.

Посетата на медијаторот Метју Нимиц во регионот не донесе напредок во преговорите за името, а ефектите од ваквите посети нема да донесат некои поместувања и на домашен план.

Генерален е впечатокот дека посетата на медијаторот Метју Нимиц во регионот не донесе напредок во преговорите за името, а ефектите од ваквите посети нема да донесат некои поместувања и на домашен план. Вака размислуваат дел од политичките аналитичари, според кои нереално е да се очекува брзо решение за спорот, но и на другите внатрешни проблеми во државата.

Истите тие политичари кои имаат смелост да го променат Уставот, кои имаат смелост да не задолжат нас и идните генерации со стотици милиони долари, немаат храброст да направат консензус и да го решат тоа прашање.
Рамадан Рамадани, политички аналитичар.

Политикологот Соња Стојадиновиќ вели дека рутинските посети на Нимиц од кој барем засега нема видлив ефект, дополнително ќе ги закочат евроинтегративните процеси на земјава.

„Реториката на ДУИ ќе биде иста, може само да се зајакнат заканите дека ако не се промени името во догледно време или не се забрзаат евроинтегративните процеси, тие ќе излезат од коалиција или ќе направат некој друг порадикален чекор.“

Медијаторот Метју Нимиц и премиерот Никола Груевски.
Медијаторот Метју Нимиц и премиерот Никола Груевски.

Аналитичарот Рамадан Рамадани од институтот Нисма пак, вели дека посетите и пораките на Нимиц се еден вид потсетување до македонските политичари дека земјава има сериозен проблем кој треба да го реши поскоро.

Реториката на ДУИ ќе биде иста, може само да се зајакнат заканите дека ако не се промени името во догледно време или не се забрзаат евроинтегративните процеси, тие ќе излезат од коалиција или ќе направат некој друг порадикален чекор.
Соња Стојадиновиќ, политички аналитичар.

„Истите тие политичари кои имаат смелост да го променат Уставот, кои имаат смелост да не задолжат нас и идните генерации со стотици милиони долари, немаат храброст да направат консензус и да го решат тоа прашање.“

Стојадиновиќ е песимист дека нешто ќе се промени во насока на забрзување на преговарачкиот процес, ниту пак е веројатно дека на македонската политичката сцена ќе има позитивни промени.

„ВМРО-ДПМНЕ има страшно јаки заложби да ја врати Македонија во 19 век, бидејќи така ќе им биде полесна контролата врз државата. Решавањето на проблемот со името не води во 19 век, туку води напред, води во 22 век, така што ништо нема да се промени.“

Иако во минатото јавноста е сведок на притисокот кој ДУИ го прави преку пораките, оти проблемот мора да се реши што побрзо и со поголема вклученост на Меѓународната заедница, зошто во спротивно би можеле да бидат поттикнати деструктивни елементи во земјата, Рамадани вели дека не очекува сериозни турбуленции во владината коалиција.

„Другите случувања во Македонија кои се однесуваат на функционирањето на правната држава, дури се поголеми проблеми за кои би требало ДУИ да се грижи, така да не очекувам некои раздвижување во тој смисол.“

Аналитичарите заклучуваат дека и покрај обидите и пораките на меѓународните претставници во блиска иднина нема да има поместувања во преговарачкиот процес, но и во однос на внатрешните случувања во земјава, зошто она што недостига е искрена волја и заложба од страна на политичките актери.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG