Достапни линкови

Во дебарско се пие неисправна вода


Илустрација.
Илустрација.

Во селските населби во општините Дебар и Центар Жупа се користи неисправна вода за пиење. Во над 20 селски водоводи повеќе од две декади водата не се хлорира, а водоводите не се одржуваат.

И ова лето во селските населби во општините Дебар и Центар Жупа се користи неисправна вода за пиење. Во над 20 селски водоводи повеќе од две декади водата не се хлорира, а водоводите не се одржуваат, поради што анализите на водата во овие водоводи покажуваат, особено во овие летни денови, дека водата не е исправна за пиење. Оваа го тврдат преставниците на Заводот за јавно здравство-единица во Дебар.

Можам да кажам дека селските водоводи продолжуваат да не се хлорираат во летните месеци и покрај нашите укажувања.Поради тоа има и проблеми со исправноста на водата од овие водоводи во тие села.
Ментор Мела, раководителот на Единицата за јавно здравство во Дебар.

Од година во година состојбата во однос на исправноста на водата се влошува и покрај укажувањата на надлежните институции кои се компетентни во сферата на јавното здравје.

„Можам да кажам дека селските водоводи продолжуваат да не се хлорираат во летните месеци и покрај нашите укажувања. Поради тоа има и проблеми со исправноста на водата од овие водоводи во тие села. По секоја анализа која се проведува на водата од водоводите во селата се пренесува до надлежните инспектори, при што на инспекторот му се даваат сите препораки, за начинот на користење на водата“, вели раководителот на Единицата за јавно здравство во Дебар , епидемиологот Ментор Мела.

Илустрација.
Илустрација.

Проблеми со квалитетот на водата има и во изворските чешми кои се користат во градот Дебар, особено во стариот дел. Тие повремено се користат во летниот период кога има рестрикции на водата од водоводот Росоки – Дебар, вели Мела.

Нашите препораки се сосема јасни. Ние редовно укажуваме дека тие води не треба да се користат. Во летниот период водите имаат повеќе бактерии.
Ментор Мела.

„Водите од традиционалните дебарски чешми не треба да се користат.“

РСЕ : Но се користа овие води во одредени периоди од годината?

„Да. Во одредени периоди од годината тие се користат, но нашите препораки се сосема јасни. Ние редовно укажуваме дека тие води не треба да се користат. Во летниот период водите имаат повеќе бактерии.“

Во селските населби велат дека неодржувањето на водоводите е поради немање на средства на селата. Жителите на овие села во кои има проблеми со водата за пиење, а кои се над 4 илјади додаваат дека проблемот треба да го решат надлежните локални власти во соработка со јавните локални претпријатие за водоснабдување кои ги менаџираат водоводите во градот.

Исто така загрижувачки е и податокот што во повеќе села и во Дебар и во Жупа надлежните инспектори издаваат и решенија за начинот на користење на водата за што најчест се бара зовривање на истата, но тие решенија не се почитуваат од страна на локалното население.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG