Една стара поговорка вели, „Повторувањето е мајка на знаењето“. За жал, кај нас веќе осум години по ред една иста работа се повторува, а знаењето не стана ниту сила, ниту моќ. Повторно по којзнае кој пат, постизборно, а за време на летните одмори одново истите глумци, истото сценарио и на крај како што следува и истиот епилог.
Зошто да има за пензионерите, а да нема за студентите, кога студентите немаат никакви примања?
Како и секоја друга изборна година и овој пат предизборно власта по стариот проверен рецепт, трошеше ли трошеше, купуваше ли купуваше. Но, како и во сè останато на крај сметката некој мора да ја плати. Во нашиот случај, тој некој се секогаш граѓаните. Па така, кога гори по улиците од протести за случајот „Монструм“, кога дел од граѓаните веќе се или се подготвуваат да заминат на одмор, на мала врата се протнаа поскапувањето на патарините и регистрацијата, а деновиве ни најавија и ново задолжување на државата за околу половина милијарда евра. Да не се секирате за иднината на вашите деца и внуци бидејќи е извесно дека ќе го поминат цел живот работејќи како и вие за да ги исплатат овие долгови.
Дополнително, во период на политичка криза кога опозицијата е надвор од парламентот, власта реши да започне процедура за уставни промени. Пораката е „Кучињата лаат, карванот си врви“. Е врви, ама во која насока бе „другари“!?
Зарем некој помисли дека во целава ситуација може да изостанат младите?! Никако! Тие како по обичај, пред и по секој изборен циклус се излажани и оштетени. Иако СДММ уште пред изборите побара бесплатен јавен превоз за студентите секој ден, власта експресно го одби предлогот за неколку месеци подоцна да додели само еден ден за бесплатен јавен превоз. А за тој еден ден, индекс не е доволен. Мора низ бројните шалтери на системот студентите да вадат разно разни потврди и уверенија и тоа да се потсетиме, за само ЕДЕН бесплатен автобуски ден.
Е зошто бе „другари“!? Зошто да има за пензионерите, а да нема за студентите, кога студентите немаат никакви примања? Зошто да не може само индексот да се користи како идентификација? Зошто да има градот Скопје 15 милиони евра за панорамско тркало, а не може да обезбеди средства за бесплатен автобус за студентите секој ден? Да не треба студентите со панорамското тркало да се тркалаат секој ден од дома до факултет? Или пиратските галии во Вардар ќе пловат секој ден по редовна линија до факултетите?
Од ланскиот до новиот конкурс, бројот на легла се намалил за четиристотини! Истовремено, уште чекаме СД Гоце Делчев да почне да се реконструира. Па нели ќе беше веќе реновиран бе „другари“?
Во меѓувреме, нè убедуваат дека се реновираат и дека константно се зголемуваат капацитетите на студентските домови. За среќа (или за несреќа), баш денес кога ја пишувам колумнава излезе конкурсот за пополнување на леглата по студентските домови. И погодете што!? Од ланскиот до новиот конкурс, бројот на легла се намалил за четиристотини! Истовремено, уште чекаме СД Гоце Делчев да почне да се реконструира. Па нели ќе беше веќе реновиран бе „другари“? Кога предложи СДММ изградба на студентски град и реконструкција на постоечките домови нè нападнавте со брдо лаги дека на тоа веќе работите. И како сега така се намалува бројот на легла бе „другари“? Да не ги зафатил леглата Гоце со четата? Или, пак, можеби легнале да одморат Стив и Кузман со одредите?
Шегата на страна, од овие „другари“ кои се на власт веќе осма година по ред, абер нема. Упорно ја вртат едната иста песна која не знам за вас, но на мене веќе одамна ми стана досадна. Но, што чекате вие бе другари? Вие што го знаете сето ова што погоре го напишав. Вие што кога стигнавте до пола колумна си рековте „е добро де го знам ова“ или „леле ама му е досадна колумнава“. Вие што плаќате автобус за до факултет и вие кои плаќате кирија по станови затоа што не можете да добиете место во студентски дом. Вие кои со вашите другари и другарки се слушате на Скајп или Фејсбук бидејќи отишле во странство за да заработат.
Јас веќе одамна не молчам, зборувам гласно и се борам за подобар живот на нас младите! А виес бе другари?