Нашата позиција е јасна. Ние сме за мир и мировен процес и го подржуваме планот на украинскиот претседател Порошенко, изјави словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак, пред министерскиот состанок на ЕУ во Луксембург.
Претходно, рускиот претседател Владимир Путин даде поддршка на едностраниот прекин на огнот прогласен од украинскиот претседател Петро Порошенко, додавајќи дека кој било прекин на непријателствата е бесмислен без „дијалог“.
„Фактот дека Претседателот Порошенко објави прекин на огнот е важен дел од финалниот договор. Без тоа, не може да се постигне ништо. Секако, Русија ги поддржува овие напори“, рече Путин.
За неколку дена во Брисел да биде потпишана историската спогодба за асоцијација со Киев. Предвидено е спогодбата, која во ноември минатата години ја предизвика кризата, да биде потпишана на 27 јуни во Брисел.
Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат и за состојбата во Ирак, каде што милитантите од Исламската држава Ирак и Левант ја презедоа контролата врз големи делови од западниот дел на земјата. На денешната средба ќе присуствува и специјалниот пратеник на ОН за Ирак, Николај Младенов.
Европски претставници велат дека министрите исто така ќе разговараат за ситуацијата во Авганистан, каде што сè уште не се соопштуваат резултатите од претседателските избори поради обвинувањата за изборна измама.
Фактот дека Претседателот Порошенко објави прекин на огнот е важен дел од финалниот договор. Без тоа, не може да се постигне ништо. Секако, Русија ги поддржува овие напори.Владимир Путин, претседател на Русија.