Се уште постојат отворени прашања меѓу Македонија и нејзините соседи, иако во последниот период се забележува напредок во односите со Бугарија, анализира домашната јавност. Апсурдно е да се тврди дека Македонија е лош сосед, вели поранешниот дипломат Ристо Никовски, според кој земјава не прави ништо со што би ги вознемирила соседите. Заедничката прослава на Денот на словенските просветители Кирил и Методиј покажува позитивен развој во односите со Бугарија, потенцира Никовски.
„Тоа пак се македонски отстапки меѓутоа не се суштински, бидејќи заедничкото прославување на „Кирил и Методиј“ е нешто не спорно, се работи за цивилизациско наследство на сите словенски народи и пошироко на сите европски народи и некој нема право да го присвојува и да каже тоа е мое.“
Односите со Грција стагнираат, Бугарија покажува зелено светло за односите со Македонија, на задоволително ниво се релациите со Србија, но македонската Влада треба да работи на унапредување на односите со Албанија и Косово, смета универзитетскиот професор Арсим Синани.
„Властите во Скопје треба да се многу внимателни, бидејќи албанската страна овие односи не ги гледа баш најдобро овие односи со Србија, јасно е бидејќи знаеме што се случуваше во минатиот век“, вели Синани.
Не е спорно дека освен со Бугарија и Грција, земјава има отворени прашања и со Србија, вели Никовски. Факт е дека српската црква ја оспорува македонската и дека освен црковна, тоа прашање има и политичка димензија. Од друга страна сведоци сме и на територијални аспирации од страна на официјална Тирана, вели Никовски.
„Голема грешка е што нашата држава тоа не го реши во рамките на поранешната федерација, бидејќи тогаш можеше да се реши, сега ќе биде многу потешко затоа што српската Црква ќе остане на своите позиции уште долго време“, вели Никовски.
Според Синани кризите во Македонија не се само на надворешен план, туку и на внатрешен. Во актуелното политичко раководство не гледа доволно волја и желба да се затворат проблематичните прашања и да се унапредат добрососедските односи.
„Верувам дека во иднина идните политичари, млади, кои би влегле во политика, ќе можат да го променат ова, во овој момент не гледам добро време, гледам невреме.“
Според аналитичарите, македонското прашање на Балканот се уште е актуелно, а самото непризнавање на името на државата и нејзино неприфаќање во евроатланските структури, отвора простор и можности, некогашните аспирации и денеска да бидат реалност.
Тоа пак се македонски отстапки меѓутоа не се суштински, бидејќи заедничкото прославување на „Кирил и Методиј“ е нешто не спорно, се работи за цивилизациско наследство на сите словенски народи и пошироко.Ристо Никовски, поранешен амбасадор.
„Тоа пак се македонски отстапки меѓутоа не се суштински, бидејќи заедничкото прославување на „Кирил и Методиј“ е нешто не спорно, се работи за цивилизациско наследство на сите словенски народи и пошироко на сите европски народи и некој нема право да го присвојува и да каже тоа е мое.“
Односите со Грција стагнираат, Бугарија покажува зелено светло за односите со Македонија, на задоволително ниво се релациите со Србија, но македонската Влада треба да работи на унапредување на односите со Албанија и Косово, смета универзитетскиот професор Арсим Синани.
„Властите во Скопје треба да се многу внимателни, бидејќи албанската страна овие односи не ги гледа баш најдобро овие односи со Србија, јасно е бидејќи знаеме што се случуваше во минатиот век“, вели Синани.
Властите во Скопје треба да се многу внимателни, бидејќи албанската страна овие односи не ги гледа баш најдобро овие односи со Србија, јасно е бидејќи знаеме што се случуваше во минатиот век.Арсим Синани, универзитетски професор.