Само за десетина ученици е поголем бројот на првачиња кои ќе се запишат во основните училишта во Битола во споредба со минатата година. Ова се статистички податоци со кои располага Одделението за образование при битолската општина. По подолго време забележан е мал пораст во бројот на ученици, кој во изминатите години бележеше надолен тренд. Лани имаше дури за 50 првачиња помалку отколку во претходната година.
„Според списоците што ги имаме добиено од Министерството за внатрешни работи за првачиња кои треба да се запишат, бројката е 1.100 значи околу десетина повеќе од минатата учебна година. Уписите се во тек и согласно Законот за основно образование, кое е задолжително, родителите своите деца кои треба оваа година да бидат запишани во прво одделение, тоа треба да го имаат реализирано до крајот на мај“, изјави Снежана Петровска, советник за образование.
Годинава по подолго време воведена е реонизација во основните училишта која наметнува децата да се запишуваат во најблиските образовни установи. Во изминатите години, тоа не беше обврзувачко, па остануваше на желбата на родителите да изберат во кое сакаат училиште да го запишат детето, па и во поодалечени, доколку таму не беше исполнет максималниот број на ученици. Тоа, пак, не се случуваше поради намалениот наталитет.
„Учениците треба да се запишат во основното образование согласно одлуката на Советот за реонизација на улиците кон кои основни училишта припаѓаат. Во зависност од тоа каде живеат родителите децата ќе им учат во најблиското училиште“, додава Петровска.
Недостигот на реонизација во изминатите години доведе до етнички чисти паралелки или до училишта во кои преовладуваат деца од една етничка заедница. Таков е примерот со училиштето „Ѓорги Сугарев“ каде во изминатите години имаше осипување на ученици од македонска националност, а се запишуваа претежно Ромчиња. Од 40 првооделенци, дури 23 беа Роми.
Согласно Законот за основно образование, кое е задолжително, родителите своите деца кои треба оваа година да бидат запишани во прво одделение, тоа треба да го имаат реализирано до крајот на мај.Снежана Петровска, советник за образование во Битола.