Достапни линкови

Во Кривогаштани остануваат само старците


Димитар Паскоски од село Воѓани во Општина Кривoгаштани.
Димитар Паскоски од село Воѓани во Општина Кривoгаштани.

Кривогаштани е сериозно нападнато од белата чума. Многу млади луѓе масовно заминуваат на работа во странство или се отселуваат во други градови.

Димитар Паскоски од селото Воѓани има 96 години. Од време на време има проблем со притисокот, но на друго не се жали. Нема потреба од лекарски контроли, бидејќи, вели, се чувствува здрав. Витален е, работи многу работи во домот, помага сè што треба. Не како некогаш пред дваесет - триесет години, ама сепак има многу енергија во себе. Едвај чека да дојде пролет и повторно да излезе во природа, да се радува на животот, на чистиот воздух, на планините, каде со години го водел добитокот. Но, работел и како ветеринарен болничар, а вели знаел многу повеќе.
Во 1947 година се оженив. Убаво беше, весел народот, расположен, луѓе имаше, Воѓани, половината свиреа, играа, свиреа, ако беа момоци главени, ваму-таму, ама весел беше народот.
Димитар Паскоски, жител на село Воѓани во Општина Кривoгаштани.

Димитар Паскоски.
Димитар Паскоски.
„Па илјадници имања спасив овде во колективите. Немаше што не знам јас, Бога душа, ти велам јас. Немав голема наука, ама големо знаење имав. Како да ми лепеше нешто на мозокот и одма знаев што треба за да го спасиш добитокот. И кој викни ме - оди, кој викни ме - оди, така на луѓево им помагав, за да му ја спасиш кравата, да му ги спасиш воловите“, се сеќава на деновите на младоста овој човек, кој чекори во 10-тата деценија од својот живот.

Вели нема тајна за долговечен живот. Едноставно е да се има разбирање дома, со најблиските, со најмилите.
За зголемување на тој наталитет општината доделува по 5000 денари субвенции за секое новородено дете, а за секое трето, покрај субвенциите од 5000, дава субвенции од 10.000 денари, за секое четврто плус 20.000, и така секое наредно дете го субвенционира со плус 10.000 денари од претходната сума.
Тони Заткоски, градоначалник на Општина Кривогаштани.

„Лош муабет не рековме, ни јас нејзе, ни таа мене, никако тие работи. Сè со арно, вака Трајанке, вака Таце, вака Димко, се сложувавме многу, многу се сложувавме“, вели овој стар човек.

Но, не ја скри тагата во очите, бидејќи како што вели, сега во селата останаа повеќе постари отколку млади луѓе.

„Порано со Златко купувавме имање, кога бев мал јас, околу 15 години кога имав, со франги, 25 франги беше еден вол. А, дадов 3000, три илјадарки дадов, Србите дојдоа тогаш. Во 1947 година се оженив. Убаво беше, весел народот, расположен, луѓе имаше, Воѓани, половината свиреа, играа, свиреа, ако беа момоци главени, ваму-таму, ама весел беше народот“, вели дедо Димитар.

Сега жали бидејќи на негови години има уште 10-ина жители во Општина Кривогаштани. Но, само во неговото село има 40 млади беќари, и кои веќе одамна требало и потомство да имаат, а не само жени покрај себе.

Од друга страна, многу млади луѓе во оваа општина заминуваат масовно на работа во странство или се отселуваат во други градови. Кривогаштани е сериозно нападнато од белата чума. Затоа локалната власт презема мерки да го стопира овој процес и да стимулира склучување нови бракови, но и зголемување на наталитетот.

„За зголемување на тој наталитет општината доделува по 5000 денари субвенции за секое новородено дете, а за секое трето, покрај субвенциите од 5000, дава субвенции од 10.000 денари, за секое четврто плус 20.000, и така секое наредно дете го субвенционира со плус 10.000 денари од претходната сума“, вели градоначалникот Тони Заткоски.

Со овие мерки само минатата година наталитетот е зголемен за 15, а годинава се планира за 30 отсто. Во кривогаштанската општина живеат околу 6.500 жители.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG