Во Украина е во тек гласањето на претседателските избори , три месеци по соборувањето на прорускиот лидер на земјата.
Гласањето доаѓа откако про-руските сепаратисти ставија по контрола голем дел од два источни региони.
Според првичните извештаи, висок е одѕивот во главниот град, Киев и во западна Украина.
Сепак регионалната администрација во Донецк рече дека само 426 од 2430 избирачките места во источниот регион се отворени од 08.30 часот , и ниту едно во самиот град Донецк Во соседниот регион на Луханск , шефот на Централната изборна комисија на земјата , Михаил Окендовски , за новинарите изјави дека во само две од 12 избирачки единици се одржуваат избори .
Премиерот Арсениј Јацењук рече дека изборите ќе бидат првиот чекор за да се стабилизира ситуацијата во источниот дел .
Рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе соработува со новата украинска администрација.
Киев ја обвинува Москва дека ги поддржува сепаратистите .
Осумнаесет кандидати се натпреваруваат за нов лидер на Украина.
Анкетите покажуваат голема предност на милијардерот Петро Порошенко кој сепак според анкетите има помалку од апсолутното мнозинство кое е потребно за победа во првиот круг .
Неговиот најблизок ривал е Јулија Тимошенко, која е далеку зад него.
По гласањето во централниот дел на градот на Днипропетровск, Тимошенко изјави: " Време е да се одржи референдум за влез во НАТО кој ќе го врати мирот во Украина. "
Ако ниту еден од кандидатите не добие над 50 проценти од гласовите, вториот круг од изборите ќе се одржи на 15 јуни.
Јацењук, во изјавата вчера рече декаУкраинците имаат одговорност да гласаат и покрај заканите од страна на " бандити спонзорирана од странство" да ги прекинат изборите.
Јацењук рече дека е сигурен оти победникот на изборите ќе го постави како врвен приоритет потпишувањето на клучниот политички договор и договорот за слободна трговија со Европската унија.
Одбивањето на Москва , поддржана од претседателот Виктор Јанукович да го потпише договорот поттикна месеци на масовни протести кои завршија со неговото пребегување во Русија во февруари.
Јацењук рече дека гласањето ќе биде израз " на волјата на Украинците од запад, исток, север и југ. "
Во источните региони Донецк и Луханск сепак, про -руски бунтовници ги блокираа канцелариите на околу половина од изборните комисии , во некои случаи киднапирајќи и застрашувајќи официјални претставници на изборите .
Денис Пушилин , еден од лидерите на т.н. " Донецк Народна Република " на 24 мај се закани дека " доколку е потребно, " бунтовниците ќе употребат сила за да го спречат гласањето .
Властите велат дека тие мобилизирале десетици илјади полицајци и волонтери за да се осигура безбедноста на денот на гласањето .
Над 1.000 набљудувачи на ОБСЕ ќе ги набљудуваат избирачките места.
Официјалните прелиминарни резултати се очекуваат на 26 мај.