Од самитот во Букурешт е познато дека Македонија може да стане членка на Алијансата штом го надмине спорот за името, затоа ве поттикнувам да ги продолжите напорите за изнаоѓање решение. Времето е сега!, порача по средбата со македонскиот премиер, генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен.
„Интеграцијата во НАТО е работа на слободен избор, но тоа бара постојани реформи, тешки одлуки и храбро лидерство“, рече Расмусен.
Ја реафирмирав определбата на земјата за што поскоро зачленување во НАТО како врвен приоритет на нашата надворешна политика, информираше премиерот Никола Груевски. При тоа останува определбата за спроведување на реформите и учество во меѓународните мисии. Правиме максимални обиди за што поскоро решение на прашањето од кое зависи нашето членство, но тоа не зависи само од нашата подготвеност, туку и од подготвеноста на грчката страна, рече Груевски.
„Поканата може, според правилата на НАТО да се даде речиси секоја недела на тн. Собир на амбасадорите на НАТО. Таа не е условена само за време на самит, но би било извонредно ако тоа биде за време на самит, би било извонредна прилика за такво нешто“, рече Груевски.
Расмусен беше запрашан и за тоа зошто Алијансата не ја почитува Хашката пресуда на што одговори:
„Хашката пресуда се однесува на билатералните односи меѓу Атина и Скопје и не е поврзана со НАТО. Дозволете ми да подвлечам дека одлуката што ја донесе НАТО во Букурешт во 2008 да биде подготвен да упати покана за членство штом ќе се најде решение за името, не е одлука донесена од страна на една земја членка, туку заедничка одлука на сите земји членки. Од тие причини Хашката пресуда не е земена предвид во одлуката од Букурешт“, рече Расмусен.
Расмусен ја посети Македонија во рамките на неговата регионална турнеја и како дел од вообичаената посета на еден генерален секретар на НАТО пред истекот на неговиот мандат на Самитот во септември. Освен со премиерот Груевски, Расмусен се сретна и со министрите за надворешни работи и за одбрана, Никола Попоски и Талат Џафери, како и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Интеграцијата во НАТО е работа на слободен избор, но тоа бара постојани реформи, тешки одлуки и храбро лидерство.Андрес Фог Расмусен, Генерален секретар на НАТО.
„Интеграцијата во НАТО е работа на слободен избор, но тоа бара постојани реформи, тешки одлуки и храбро лидерство“, рече Расмусен.
Ја реафирмирав определбата на земјата за што поскоро зачленување во НАТО како врвен приоритет на нашата надворешна политика, информираше премиерот Никола Груевски. При тоа останува определбата за спроведување на реформите и учество во меѓународните мисии. Правиме максимални обиди за што поскоро решение на прашањето од кое зависи нашето членство, но тоа не зависи само од нашата подготвеност, туку и од подготвеноста на грчката страна, рече Груевски.
Поканата може, според правилата на НАТО да се даде речиси секоја недела на тн. Собир на амбасадорите на НАТО. Таа не е условена само за време на самит.Никола Груевски, премиер на Македонија.