Во христијанскиот православен храм „Света Петка“ во кумановската населба Бедиње 15 брачни двојки главно од Куманово граѓанскиот брак од една до над три децении го официјализираа и духовно. И додека повозрасните велат дека за овој чин се одлучиле дури сега поради тогашните општествено-политички околности, кога црквата и државата сосема биле одделени една од друга, помладите „пропуштиле“ од лични причини.
Дали ова значи религиозно освестување, или моден тренд ниту едните ниту другите не можеа да го објаснат. А младиот свештеник Антони Стојковски од Кумановската епархија се надева дека организирање групна венчавка нема да биде традиција, туку младите брачни двојки ќе го побараат божјиот благослов уште на почетокот на нивниот заеднички живот.
Идејата за втората групна венчавка потекнала од свештеникот Стојковски, за што тој вели:
„Да им овозможиме на нашите верници кои од разни причини го пропуштиле тоа, да го благословат својот заеднички живот со благослов Божји. Ова е бесплатно, односно оставено на нивна одлука и можност. “
Тања и Виктор Мишевски деценија ипол се во брак, велат дека се верници, а за овој чин дури сега се одлучиле:
„Да стапиме во вера-официјално.“
РСЕ: Зошто до сега не сте се венчале?
„Од реални причини, поради некои неубави настани во фамилијата. Чекавме и ете...“
Станче и Миомир Здравковски во 36 годишниот заеднички живот имаат тројца синови, две снаи, две внучиња и трето на пат. Тие додаваат:
„До сега немавме прилика.“
„Во нашето време беше забрането одење в црква. Ние бевме членови на Сојузот на комунистите, децата ги крстевме дома, татко ми носеше свештеник.“
И покрај тоа што во времето на социјализмот и Здравковски како и многумина кумановци не оделе в црква, но одбележувале куќна слава што подразбира и сечење славски колач. Тоа го правеле дома.
Младите кумановци кои и во ова време кога има слобода на јавна вероисповест не ретко ги одбегнуваат венчавките или крштевките на нивните деца. Иако за себе велат дека се верници како причина најчесто ги наведуваат и високите црковни такси. Меѓутоа, по се изгледа црквата воведува и некои новини, така што висината на црковната такса е променилива. Оние што имаат потреба од црковните услуги, а не можат да платат добиваат попуст или се ослободени, велат и верниците и свештениците.
Првата групна венчавка во Кумановската епархија беше организирана пред неколку години во Манастирот Карпино кој датира од 14-от век, во близина на селото Орах, инаку некогаш познат и голем препишувачки центар, во кој меѓу другите настанало и Карпинското евангелие. Поради културно-историското, духовното и националното значење тие брачни двојки за групната венчавка го одбрале овој монумент.
Да им овозможиме на нашите верници кои од разни причини го пропуштиле тоа, да го благословат својот заеднички живот со благослов Божји. Ова е бесплатно, односно оставено на нивна одлука и можност.Антони Стојковски, свештеник.
Дали ова значи религиозно освестување, или моден тренд ниту едните ниту другите не можеа да го објаснат. А младиот свештеник Антони Стојковски од Кумановската епархија се надева дека организирање групна венчавка нема да биде традиција, туку младите брачни двојки ќе го побараат божјиот благослов уште на почетокот на нивниот заеднички живот.
Идејата за втората групна венчавка потекнала од свештеникот Стојковски, за што тој вели:
„Да им овозможиме на нашите верници кои од разни причини го пропуштиле тоа, да го благословат својот заеднички живот со благослов Божји. Ова е бесплатно, односно оставено на нивна одлука и можност. “
Во нашето време беше забрането одење в црква. Ние бевме членови на Сојузот на комунистите, децата ги крстевме дома, татко ми носеше свештеник.