Македонија го следи патот што беше етаблиран од периодот на победата над фашизмот со одредени осцилации како секаде во други земји, велат историчарите повторувајќи ја повеќе пати соопштената констатација дека фашизмот е глобално зло.
Историчарите забележуваат дека некои случувања од тој период денес непотребно ја повторуваат современоста или дека недопустливо е да има конфронтации околу улогата на одредени историски личности за кои денес се прават поделби. Меѓутоа генерално, Тодор Чепреганов од Институтот за национална историја потенцира дека по 45- тата година Македонија е меѓу оние држави на кои историјата и современоста и овозможија да стана федерална единица во рамки на поранешна Југославија, а понатаму да добие национално признавање на идентитетот и културниот развој и дополнува дека денес има континуитет со придобивките од тој период.
„Зависи како ние ќе го одржиме, дали ќе го задржиме континуитетот на она што го донесе победата од 1945, или повторно можеме да се вратиме назад што е многу тешко. Таа победа над фашизмот, значи победа на сите слободољубиви народи. Сите работи што се случија после тоа, македонскиот народ беше во рамките на федеративна Југославија, сите тие општествени, политички турбуленции коишто се случуваа ги проживеа и македонскиот народ, меѓутоа остана онаа слободољубива идеја и до ден денеска.“
Денес исто така има борби во општеството за ослободување од товарот на минатото. Меѓутоа Чепреганов забележува дека одбележувањето на историските случувања поврзани со победата врз фашизмот сè помалку се инфилтрираат во сегашноста.
Со повеќе манифестации и оддавање почест на жртвите од Втората Светска Војна во Македонија и ширум Европа денеска се одбележува 9 Мај Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Денеска, Армијата има свечено дефиле, вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими беше домаќин на традиционалниот ЕУ Појадок, а министерот за надворешни работи Никола Попоски имаше обраќање на предавањето на тема ЕУ и млади.
Во врска со тоа колку Македонија денес е блиска до Европа како вредност историчарите со коментар.
„Веројатно ќе помине уште доста време за да ја достигнеме Европа, меѓутоа се стремиме кон тоа и имаме напредок во нашите настојувања да бидеме дел од Европа. Друго е тоа што сега кај нас се јавија одредени проблеми, со името и некои други проблеми, кои што постојат и во самата Европа и кои претставуваат пречка на нашиот пат кон Европа“, изјави историчарот Новица Вељановски.
Зависи како ние ќе го одржиме, дали ќе го задржиме континуитетот на она што го донесе победата од 1945, или повторно можеме да се вратиме назад што е многу тешко.Тодор Чепреганов, Институт за национална историја.
Историчарите забележуваат дека некои случувања од тој период денес непотребно ја повторуваат современоста или дека недопустливо е да има конфронтации околу улогата на одредени историски личности за кои денес се прават поделби. Меѓутоа генерално, Тодор Чепреганов од Институтот за национална историја потенцира дека по 45- тата година Македонија е меѓу оние држави на кои историјата и современоста и овозможија да стана федерална единица во рамки на поранешна Југославија, а понатаму да добие национално признавање на идентитетот и културниот развој и дополнува дека денес има континуитет со придобивките од тој период.
„Зависи како ние ќе го одржиме, дали ќе го задржиме континуитетот на она што го донесе победата од 1945, или повторно можеме да се вратиме назад што е многу тешко. Таа победа над фашизмот, значи победа на сите слободољубиви народи. Сите работи што се случија после тоа, македонскиот народ беше во рамките на федеративна Југославија, сите тие општествени, политички турбуленции коишто се случуваа ги проживеа и македонскиот народ, меѓутоа остана онаа слободољубива идеја и до ден денеска.“
Веројатно ќе помине уште доста време за да ја достигнеме Европа, меѓутоа се стремиме кон тоа и имаме напредок во нашите настојувања да бидеме дел од Европа.Новица Вељановски, историчар.