Достапни линкови

Куманово ќе има вода ако политиката се тргне настрана


За нормално водоснабдување и пониска цена на водата во Куманово потребно е политиката да се тргне настрана.

За нормално водоснабдување на граѓаните на Куманово неминовно е надлежните од централната и од локалната власт да се дистанцираат од тесните партиски интереси, велат упатените во оваа проблематика.
Доколку ние не добиваме вода која можеме да ја продаваме, со приходите што ги добиваме од граѓаните, дел даваме на „Водостопанство“ за подмирување на нивните трошоци. Затоа и релациите треба да се доведат до едно уште повисоко ниво.
Горан Стојковски, директор на „Водовод“ - Куманово.


Менаџерскиoт тим во локалното јавно претпријатие „Водовод“ изминатиот период работи домаќински. Нема репрезентации, минимализирани се трошоците за дневници, се отплаќаат долговите кон централното ЈП „Водостопанство-Кумановско-Липковско Поле“, се отстрануваат дефекти, се врши контрола на водомерите и на кражба на водата, се надминуваат децениските несогласувања помеѓу тимовите во двете претпријатија. Можно е и да се намали цената на водата за кумановци, највисока во државава.
Горан Стојковски.
Горан Стојковски.

Мешањето на политиката во водоснабдувањето беше евидентно и кога советниците од локалната опозиција позитивно зборуваа за работата на раководството на „Водовод“, а за извештајот за работа за минатата година гласаа поинаку. Извештајот беше усвоен, а директорот на „Водовод“ Горан Стојковски смета дека тоа значи разбирање за вложените напори на новото раководство за надминување на финансиските и техничките проблеми.
Треба да се работи и на подобрување на наплата, но време е и да се дојде до договор помеѓу двете претпријатија за цената на водата.
Јовица Станковски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Куманово.

Советниците се претставници на граѓаните на Куманово и тој се надева дека со нивна помош состојбата позитивно ќе се смени.

Јовица Станковски советник од ВМРО-ДПМНЕ вели дека се очигледни позитивните промени и на повидок е излез од кризата, но треба да се размислува за поквалитетно водоснабдување.

„Да размислува за алтернативни нови извори, за еколошки стандарди на отпадни води, за замена на азбестни цевки и сега е прашање дали претпријатието само може да се извлече од таа ситуација. Треба да се работи и на подобрување на наплата, но време е и да се дојде до договор помеѓу двете претпријатија за цената на водата.“

Директорот Стојковски изјавата на „Водостопанство“ за некои локални медиуми дека „Водовод“ работи по стариот терк аргуменитрано и статистички ја ја отфрла како неоснована.

„Двете претпријатија се меѓусебно зависни. Доколку ние не добиваме вода која можеме да ја продаваме, со приходите што ги добиваме од граѓаните, дел даваме на „Водостопанство“ за подмирување на нивните трошоци. Затоа и релациите треба да се доведат до едно уште повисоко ниво.“

Советничката Сунчица Јосифова од НСДП смета дека е крајно време консултациите за цената на водата да започнат со сите релевантни фактори за конкретно решение за прифатлива цена и динамика за исплата на водата од „Водовод“ кон „Водостопанство“.

„ И покрај сите финансиски трошоци се гледа исчекор, напредок на „Водовод“ во зголемување на приходите, а намалување на расходите.“

Стојковски побара помош од советниците од локалната опозиција, надлежните министерства да земат учество или целосно да ја преземат функцијата на пречистителната станица, со што и граѓаните ќе плаќаат пониска цена за водата.

Факт е дека политиката постојано се меша во водоснабдувањето, за што Стојковски вели дека завршија изборите.

„Дефинитивно политиката треба да се тргне, а упорно да се работи на отстранување на напластените проблеми.“
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG