Достапни линкови

ВО ЖИВО: Претседателски и парламентарни избори

Се што се случува на вториот круг претседателски и предвремените парламентарни избори - гласањето, евентуалните нерегуларности, реакциите и првичните резултати.

22:56 27.4.2014
ГРОМ: Фер, демократски и достоинствени избори
Претседателот на Граѓанска опција за Македонија и лидер на коалицијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски вечерва на прес-конференција ги оцени како фер, демократски и достоинствени денешните предвремени парламентарни избори.
23:27 27.4.2014
ВМРО-ДПМНЕ слави во Охрид
ВМРО-ДПМНЕ во Охрид прослави победа, јавува нашиот репортер Мики Трајковски. Во владејачката партија велат дека разликата од 8 илјади гласови покажуваат оти охриѓани ја почитуваат работата на ВМРО-ДПМНЕ. Симпатизерите и членството на партијата од седиштето на општинскиот комитет, прославата ја продолжија по улиците на Охрид и на градскиот плоштад.
23:34 27.4.2014
Ѓорчев - Груевски останува премиер
ВМРО-ДПМНЕ вечерва на прес-конференција соопшти дека води на вториот круг од претседателските избори и предвремените парламентарни избори. Од 66 отсто обработени податоци од аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, според Влатко Ѓорчев​, на вонредните парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ освоила 316.000 гласови, додека СДСМ 188.000 гласови.
00:03 28.4.2014
МОСТ: ВМРО-ДПМНЕ 63, СДСМ 34, ДУИ 18 пратеници
Граѓанската асоцијација МОСТ, која ги следеше изборите со 1712 набљудувачи соопшти дека, врз основа на податоците добиени од ПВТ програмата за паралелно пребројување на гласовите Ѓорге Иванов освоил 57,2 отсто, а Стево Пендаровски 42,8 отсто од гласовите на претседателските избори, при што има 3,6 отсто неважечки ливчиња. Според МОСТ, на парламентарните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 63 пратеници, СДСМ 34, ДУИ 18, ДПА 7 и НДП – 1 пратеник. Можноста за грешка е +/- 2 отсто.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG