Достапни линкови

ВО ЖИВО: Претседателски и парламентарни избори

Се што се случува на вториот круг претседателски и предвремените парламентарни избори - гласањето, евентуалните нерегуларности, реакциите и првичните резултати.

22:05 27.4.2014
Цивил нотира бројни нерегуларности на изборите

Бројни нерегуларности се идентификувани до 18 часот во Цивил, особено во Кочани, во ромско маало, каде што се добиени претставки во однос на поткуп на гласачи за 500 денари, а едно лице истовремено извадило седум лични карти и гласало со нив. Забележани се и неколку случаи на ветувања за договори за откуп на тутун и ветувања за платени ужинки во училиштата доколку граѓаните го дадат гласот за одредена партија.
22:14 27.4.2014
22:27 27.4.2014
Либералите не ги признаваат изборните резултати
Извршниот комитет на Либералната партија истакнува дека се солидаризира со ставот на мнозинството опозициски партии за неприфаќање на резултатите од денешните избори.
22:49 27.4.2014
ДИК: Иванов пред Пендаровски
Од преброените гласови од 1.709 избирачки места од вкупно 3.512 во Македонија и во странство, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Ѓорге Иванов има освоено 188.554 гласови, додека кандидатот на СДСМ за претседател Стево Пендаровски 130.065 гласови.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG