Достапни линкови

ВО ЖИВО: Претседателски и парламентарни избори

Се што се случува на вториот круг претседателски и предвремените парламентарни избори - гласањето, евентуалните нерегуларности, реакциите и првичните резултати.

13:48 27.4.2014
Цивил - семејно гласање, поткуп

Семејно гласање, поткуп на гласачи за 500 денари по глас, организиран превоз на гласачи и нерегуларности во избирачкиот список се само дел од забелешките на невладината Цивил констатирани до 12 часот. Повеке на
13:55 27.4.2014
13:57 27.4.2014
Во Струга лица едвидентирале кој оди на гласање, излезноста се уште мала

Јавува Мики Трајковски, - Струга

Според информации од политичка партии во Струга, во струшкото село Октиси, граѓаните од страна на набљудувачите на друга политичка партија биле терани да гласаат јавно односо биле тргнати параваните за гласање. По реакција на други набљудувачи параваните биле вратени на потребното место по што избирачкиот процес продолжил да се одвиваа без проблеми. Во Струга и струшко и на овие избори повторно е присутно евидентирање на лицата кои одат на гласање од страна на лица со списоци во рака. Ова го забележале и набљудувачите на МОСТ пред гласачките места 1847/1, 1848, 1848/1, 1851, 1853, 1854, 1856, 1857, 1865, 1867 и 1869 во Струга како лица со списоци ги евидентираат гласачите кои влегуваат на гласачките места. Но од ОИК информираат дека во Струга за сега изборниот ден тече мирно и без проблеми. Излезноста се уште е мала и до 13 часот за парламентарните избори таа изнесува 17,09% , а за претседателските избори 13,88%.
14:04 27.4.2014
Во Прилеп и соседите рурални општини се гласа мирно и без проблеми

Гласањето на 142 избирачки места во општина Прилеп се одвива без проблеми. Од Општинската изборна комисија потенцираат дека речиси е ист процентот на излезност до 10 часот, денеска во споредба со гласањето за првиот круг од претседателските избори. Целиот извештај од Прилеп - тука:

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG