Достапни линкови

ВО ЖИВО: Претседателски и парламентарни избори

Се што се случува на вториот круг претседателски и предвремените парламентарни избори - гласањето, евентуалните нерегуларности, реакциите и првичните резултати.

14:28 27.4.2014
Охрид и Вевчани
Мики Трајковски


Во Охрид до 13 часот за претседателските избори на гласање излегле 33, 24 %, додека за парламентарните избори на гласање излегпе 32, 890%. Според информации на една политичка партијаа на вработените во Јавните претпријатија и државните институции им било речено да излезат на гласање најдоцна до 10 часот. Од ОИК во Охрид за Радио Слободна Европа информираат дека на територијата на Охрид гласањето тече без проблеми.

Една од најголемите излезности има во струшката општина Вевчани. До 13 часот за претседателските избори на гласање излегле речиси 40 5 од запишаните граѓани со преаво на глас, односно 39,91 % додека. За вториот круг од претседателските избориизлезноста на граѓаните е 39,70 отсто. За парламентарните избори во Вевчани право на глас имаат 2.072 граѓани , а за претседател 2.069 граѓани.
14:34 27.4.2014
Цивил: нерегуларностите продолжуваат, забележани гласачи од Пустец
повеќе на
14:40 27.4.2014
14:42 27.4.2014
ВИДЕО, ФОТО - Избори: Втор круг претседателски, парламентарни

Сите избирачки места се отворени во 7 часот, а ќе бидат затворени во 19 часот. Засега изборите се одвиваат мирно и без инциденти. Евидентни се и некои проблеми, како фактот дека некои избирачи ги има во избирачкиот список за парламентарните избори, а ги нема на списокот за претседателски или обратно. Евидентен е и поголемиот одзив во однос на првиот круг од претседателските избори, но исто така и помалиот одзив и сега на гласањето во вториот круг за претседател. Погледни ги видеата и фотогалериите тука.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG