Достапни линкови

ВО ЖИВО: Претседателски и парламентарни избори

Се што се случува на вториот круг претседателски и предвремените парламентарни избори - гласањето, евентуалните нерегуларности, реакциите и првичните резултати.

00:42 28.4.2014
Рилкоски - ДИК успешно ги спроведе изборите
ДИК го спроведе успешно овој двоен изборен процес од организационен и технички аспект, рече претседателот на Комисијата, Никола Рилкоски. Тој рече дека ДИК нема да дава официјална оценка и проценка за тоа како поминале изборите, бидејќи ќе чекаат партиите да го искористат правото на вложување приговори.
00:31 28.4.2014
ДПА очекува осум пратеници, не го признава резултатот на ДУИ
​Лидерот на ДПА Мендух Тачи вечерва изјави дека очекува осум пратенички мандати од денешните предвремени парламентарни избори и оти е подготвен да преговара за влез во идната влада. Тој истакна дека не ги признава резултатите од изборите на ДУИ.
00:03 28.4.2014
МОСТ: ВМРО-ДПМНЕ 63, СДСМ 34, ДУИ 18 пратеници
Граѓанската асоцијација МОСТ, која ги следеше изборите со 1712 набљудувачи соопшти дека, врз основа на податоците добиени од ПВТ програмата за паралелно пребројување на гласовите Ѓорге Иванов освоил 57,2 отсто, а Стево Пендаровски 42,8 отсто од гласовите на претседателските избори, при што има 3,6 отсто неважечки ливчиња. Според МОСТ, на парламентарните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 63 пратеници, СДСМ 34, ДУИ 18, ДПА 7 и НДП – 1 пратеник. Можноста за грешка е +/- 2 отсто.
23:34 27.4.2014
Ѓорчев - Груевски останува премиер
ВМРО-ДПМНЕ вечерва на прес-конференција соопшти дека води на вториот круг од претседателските избори и предвремените парламентарни избори. Од 66 отсто обработени податоци од аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, според Влатко Ѓорчев​, на вонредните парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ освоила 316.000 гласови, додека СДСМ 188.000 гласови.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG