13:17
27.4.2014
Чекајќи го Пустец @ Максим Ѓорѓија http://t.co/QLwnrfYRxH
— Владо Апостолов (@apostolov80) April 27, 2014
13:11
27.4.2014
Во некои кумановски села гласачите се превезуваат со трактори
Поради мокрите локални селски патишта и калта, на тој дел од електоратот му е отежнато пристигнување до избирачките места, така што мештаните од руралните средини се организираат и се превезуваат со трактори. Таков случај е забележан во селото Колитско.

12:59
27.4.2014
Во Центар Жупа дојдени на гласање и извесен број печалбари
Во општина Центар Жупа, која е во изборната единица број 5, во споредба со пред две недели, се забележува и гласање на печалбари кои деновиве пристигнале во родниот крај. Некои од гласачите кои се на печалба, за РСЕ изјавија дека се дојдени од Италија за да гласаат , но додаваат дека оваа појава не е масовна како за локалните избори лани.
Во оваа општина ,според претседателот на општинската изборна комисија Шефко Јусуф се евидентирани вкупно 5.986 гласачи, се гласа во 16 избирачки места а до 10 часот излезеноста изнесува 3,65 насто.

12:44
27.4.2014
Гласањето засега без поголеми проблеми