12:41
27.4.2014
ДЕСЕТ ПАТИ ПОВЕКЕ СЕ ГЛАСА ЗА ПРАТЕНИЦИ ОТКОЛКУ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ
Јавува Кенан Мимидиновски
Денешните двојни избори во општина Дебар до напладне ги карактеризира нагласениот бојкот во градот на гласањето за претседателелот на државата, што не е случај во селските налсеби каде се гласа како за листата на пратеници така и за листата на претседатлески кандидати. Во поголемите избирачки места во Дебар десетина пати е поголем бројот на гласачките за пратеничката листа во споредба со оние кои гласаат и за претседател на државата. Според општинската изборна комисија во Дебар гласањето се одвива без проблеми.
Излезеноста на на гласачите во општина Дебар каде има 27 гласачки места до 10 часот е мала, така што според ОИК бројот на излезени гласачи за преседател на државата изнесува околу 2 насто, додека за пратеничката листа процентот е над 4%. Сепак од 10 до 12 часот имаше помасовно излегување на гласачите посебно го градот.
12:34
27.4.2014
Гласањето се одвива без поголеми проблеми
ДИК до сега не забележала нерегуларности на изборите. Набљудувачите нотираат одредени неправилности. Целиот извештај прочитајте го и погледнете го тука.
ДИК до сега не забележала нерегуларности на изборите. Набљудувачите нотираат одредени неправилности. Целиот извештај прочитајте го и погледнете го тука.
12:34
27.4.2014
Во тетовско и гостиварско помал одзив за претседателските избори, јавува Александар Самарџиев
Во Тетовско и Гостиварско по првите неколку часа од гласачите евидентно е дека повеќе се гласа за кандидатите за пратеници отколку за претседателските избори. Вакви податоци имаат речиси сите избирачки места кои ги посетивме, а дека е иста состојбата и на општинско ниво, потврдуваат од општинските изборни комисии.
Така, во Тетово до 10 часот според општинската изборна комисија за претседателските избори излезноста е 3, 2 проценти додека за предвремените парламентарни избори 4,8 %. Во Гостивар 3,8 % од граѓаните гласале за еден од претседателските кандидати додека за кандидатите за пратеници глас дале 6,38 проценти од гласачите.

12:02
27.4.2014
Денес гласаат изнемоштените, болните и старите, здравите вчера гласаа во Италија, #избори
— Т. Бавчов (@ABavcov) April 27, 2014