11:54
27.4.2014
МОСТ: До 10 часот излезеноста најголема во ИЕ 3 - 13,6 отсто
До 10 часот одѕивот на гласачите на парламентарните избори е - 10,26 отсто во Изборната единица (ИЕ) 1, 9,99 проценти во ИЕ 2, 13,6 во ИЕ 3, 12,54 во ИЕ 4, 10,18 во ИЕ 5 и 5,74 ИЕ 6, соопшти граѓанската асоцијација МОСТ.
Излезеноста за претседателските избори, пак, до 10 часот е 9,4 отсто.
Набљудувачите на МОСТ забележале повеќе неправилности, семејно гласање, фотографирање гласачки ливчиња, гласно читање имињата на гласачи.

11:52
27.4.2014
Македонија гласа - фотогалерија:
11:47
27.4.2014
Куманово, Старо Нагоричане,Липково, Дебар и Центар Жупа
Во Куманово до 10 часот за вториот круг од претседателски избори излезеноста на избирачките места од Втората изборна единица е 8 отсто, додека на 18-те избирачки места во Третата изборна единица 14 проценти.
Во Старо Нагоричане каде право на глас имаат 3.600 граѓани на 38 избирачки места, излезеноста за претседателските избори до 10 часот е 8,03 отсто, а за парламенатрните 9,23, информира претседателката на ОИК Тина Костовска.
Во Липково правото на глас од 23.000 граѓани на 36 избирачки места, го искористиле - за претседател 0,74 отсто и за парламентарните избори 5,52 процента.
Гласањето во општините Дебар и Центар Жупа во сите 43 избирачки места минува мирно и без проблеми, потврдуваат општинските изборни комисии.

11:44
27.4.2014
Излезност - Битола, Демир Хисар и Новаци
Во Битола до 10 часот излезеноста за претседателските избори е 12,68 отсто, додека за предвремените парламентарни 12,85 проценти. Гласањето се одвива во мирна, демократска атмосфера, без нерегуларности.
Во општина Демир Хисар до 10 часот за претседателските избори гласале 16,43 отсто од избирачите, а за парламентарните 16,54, додека во општина Могила 8,2 процента за претседателските и 8,3 отсто за парламентарните.
Најголем одѕив е регистриран во општина Новаци каде за претседателските избори до 10 часот гласале 20,68 отсто од граѓаните, додека за парламентарните гласале 20,9 проценти.