Достапни линкови

ВО ЖИВО: Претседателски и парламентарни избори

Се што се случува на вториот круг претседателски и предвремените парламентарни избори - гласањето, евентуалните нерегуларности, реакциите и првичните резултати.

11:36 27.4.2014
ДИК: До 10 часот одзивот околу 10%

До 10 часот на гласање на предвремените парламентарни избори гласале 166.310 граѓани или 9,52 отсто од вкупно запишани 1.780.128 избирачи, соопшти на првата прес конференција портпаролот на ДИК Билјана Јовановска.
Одѕизвот на вториот круг од претседателските избори е 8,81 процент, односно на гласање излегле 155.136 од вкупно 1.779.572 избирачи.
Најголем одѕив има во Новаци, на парламентарните избори одѕивот е 20,49 проценти, а на претседатлските 20,68 проценти
11:24 27.4.2014
Во Струга мала излезност во утринските часови

До 10 часот во регионот на Струга и струшко на гласање за претседателските избори излегле само 3,32 % од граѓаните, додека за парламентарните избори само 4,15%. И во струшките села Лабуништа, Боровец, Октиси и Подгорци исто така излезноста е многу мала. Гласањето во Струга тече без проблеми и нерегуларности изјави за Радио Слободна Европа, Џенгис Хани претседател на ОИК во Струга.И во Струга проблем е поголемиот број на гласачи во списокот за парламентарните избори, во однос на претседателските избори. Од ОИК во Струга, како што јави Мики Трајковски, велат дека тие тука немаат никакви ингеренции и дека располагаат со оние списоци кои до нив биле доставени од страна на ДИК. Во Струга за претседателските избори право на глас имаат 57,983 граѓани, а за парламентарните 57,096.
11:12 27.4.2014
11:05 27.4.2014
Македонија избира претседател и пратеници
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:45 0:00

Гласањето засега се одвива без проблеми

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG